Уапсени таткото и братот на еден од убијците на Данка


Припадници на МВР ги приведоа Р.Д.(1951) и Д.Д.(1984) поради постоење основи на сомнение дека му помогнале на осомничениот  за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ, Д.Д.(1974), да го премести телото на девојчето  од депонијата во околината на Бањско Поле до засега непозната локација на територијата на градот Бор.

Поради постоење основи на сомнение дека најверојатно сториле кривично дело на 28 март годинава помагајќи му на сторителот по извршувањето на кривичното дело, на Р.Д и Д.Д. им е одредена мерка притвор до 48 часа и истите ќе бидат спроведени во Вишото јавно обвинителство Заечар заедно со кривична пријава.

Како што е познато, Данка загина откако двајцата вработени во „Водовод“ со службено возило ја прегазиле, а потоа телото го фрлиле на депонија. Еден од нив по неколку дена се вратил и го преместил телото на убиеното девојче, а од тогаш не кажува каде е закопано, па полицијата секојдневно врши претраги и ископувања.