Новиот бугарски министер за надворешни работи никој не го знае во Софија


Бугарското МНР

 

Техничкиот премиер Димитар Главчев го соопшти составот на привремената влада во кој, како што пишуваат бугарските медиуми, едно име е речиси целосно непознато. Тоа е Ивајло Ценов, кој треба да биде министер за надворешни работи.

Ценов бил конзул во главниот град на Австрија, Виена, 15 години и не бил познат ни за поголемиот дел од вработените во Министерството за надворешни работи. При неговото претставување Главчев рече дека имал „многу добри врски со австриската влада“.

При неговото именување Главчев се раководел од тоа дека Австрија е „едиствената држава во ЕУ која се против на целосното влегување на Бугарија во Шенген“. Бугарија влезе во шенгенската зона само по воздушен и морски пат, но не и копнен, на 31 март.