Министерот за внатрешни работи ги соопшти деталите за убиството на малата Данка


По претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој објави дека Данка (2) е убиена, попладнево и министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ имаше вонредно ображање, во кое ги објасни деталите за смртта на Данка.

Министерот го опиша текот на настаните
Гашиќ рече дека мајката на Данка со децата дошла дома во Бањско Поле во 13.10 часот.

„Децата биле во дворот и си играле, а таа ги фотографирала во тие моменти“, изјави Гашиќ.

Последната фотографија од децата мајката му ја испратила на сопругот во 13.22 часот. Тогаш синот ѝ побарал вода, која била во возило на неколку метри.

„Додека земала вода сфатила дека Данка ја нема, во 13 часот и 41 минута му се јавила на сопругот кој дошол во 13 часот и 55 минути, а потоа во 13 часот и 45 минути повикала полиција која пристигнала во 13.59 часот и веднаш почнала да ја бара“, изјави министерот Гашиќ.

„Во овој случај беше активиран системот, системот „Најди ме“, ние од  излегувањето од станот, ја следевме форензиката на телефонот, неговото движење, притоа споредувајќи ги сите можни лица кои поминаа“, рече министерот. Така биле пронајдени двајца работници на водовод, кои се испостави дека се сторителите.

„Застанале, велат, затоа што им требало тоалетот“, вели тој. „Кога тргнале, набрзо ја прегазиле малата Данка“, додаде тој.

„Тие го удриле девојчето. Осомничениот го управувал возилото, а сопатникот го пренел нејзиното онесвестено тело во задниот дел од возилото“, вели тој.

Таткото ги запрел и прашал дали ја виделе Данка, тие рекле дека не виделе ништо. Потоа отишле на депонијата.

„Во 13 часот и 57 минути таткото ги запрел и прашал дали го виделе девојчето, тие одговориле дека не го виделе“, рече Гашиќ и додаде дека потоа отишле на депонијата.

„Кога пристигнале на депонијата, С.Ј. го зел телото и го фрлил на депонијата каде што имало ѓубре. После тоа се вратиле во претпријатието. С.Ј. отишол во Бањско Ооле да го бара девојчето“, рече министерот.

„Тоа што еден од осомничените, на покана на директорот, истиот ден отишол во Бањско Ооле да го бара девојчето е доказ за неговата ладнокрвност“, вели тој.

„Направени се 15 полиграфски тестови“, рече тој. Тој додаде дека биле прегледани 150.000 телефонски повици и пораки.

„Тие се движеле со 20 км/ч“, рече тој за осомничените.

„Возачот имаше задоцнета реакција на полиграфскиот тест, а совозачот имаше реакција на полиграфскиот тест“, вели тој.

„Не однесоа на местото на депонијата каде што го оставиле телото, но имаме информации дека еден од нив се вратил и го префрлил телото на друга локација. Не можеме да им веруваме затоа што си ја префрлаат вината еден на друг“, рече министерот.

Новинарите имаа прашања зошто вестите за Данка ги соопштуваат несоодветни лица, како претседателот на државата и зошто постојано излегувале шпекулативни вести во таблоидите, но конкретен одговор од министерот немаше. Тој се правдаше дека новинарите биле постојано на местото каде се пребарувало, а властите тоа го дозволувале за медиумите да имаат вистинска слика за акцијата.