Вархеи му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ


 Европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеи денеска му честиташе на премиерот Милош Вучевиќ и на новата Влада на Србија и порача дека се радува на соработката за пристапување на Србија во Европската унија. „Му честитам на премиерот Милош Вучевиќ и неговата нова влада. Со нетрпение очекувам да работам со вас за пристапот […]

Балканот останува без население, но не е подготвен за работници од Азија


Без имиграција, балканскиот регион нема да може да ја реши демографската криза, тврди „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ пишува за тешкотиите што во балканските земји ги предизвикува од една страна емиграцијата и падот на наталитетот, а од друга имиграцијата од Азија, за која овие земји не се подготвени. Авторот на текстот, Мајкл […]

Изгласана е новата Влада на Србија


Собранието на Србија вечерва ја избра новата Влада на Србија на чело со претседателот Милош Вучевиќ. За новата влада гласаа 152 од 213 присутни пратеници, 61 беа против. Воздржани немаше, а отсутни беа 37 пратеници. Новата Влада на Србија ќе брои 31 член, од кои пет се министри без ресор. Новата влада има третина од […]

Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра


Четиринаесет лица во Србија се приведени поради меѓународна измама преку „кол-центри“ во кои се оштетени неколку германски државјани за сума од околу еден милион евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија. Како што се наведува во соопштението на МВР, на барање на Германија, припадници на полицијата и на Службата за борба против високотехнолошки […]

До 2030 година Албанија со четири аеродроми


Албанската министерка за туризам и животна средина, Мирела Кумбаро изјави дека до 2030 година Албанија ќе има четири аеродроми, објави Албанската радио и телевизија. На веќе постоечките аеродроми во главниот град Тирана и северниот град Кукс, аеродромите во крајбрежниот град Валона, југозападна Албанија и во јужниот град Ѓирокастро, ќе бидат додадени до 2030 година. Во […]

Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки


Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека Косово ги исполнило сите барања на Европската унија за укинување на рестриктивните мерки што му беа наметнати и дека треба да бидат отстранети. „Мерките што се во сила против Косово се спротивни на напорите на регионот за забрзана интеграција во ЕУ. Продолжуваме со нашите напори да отвориме повеќе […]

Финалниот предлог на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница пратен во ОН


Конечниот предлог за Резолуцијата што ќе го одбележи 11 јули како ден на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница во БиХ во 1995 година е испратен до претседателот на Генералното собрание на ОН, Денис Френсис, потврди амбасадорот на Босна и Херцеговина во ОН, Златко Лагумџија. Конечниот предлог на Резолуцијата, во која имаа увид од […]

Големи се шансите Косово да остане надвор од агендата на Советот на Европа


Поранешниот косовски координатор за дијалог со Србија, Авни Арифи вели дека барањата до Косово на земјите-партнери Германија, Франција и Италија не се исполнети, дека мора да се преземат конкретни чекори за формирање на Заедницата на општини со мнозинско срспко население за членство во Советот на Европа, поради што постои можност Косово да не влезе во […]

Во Србија продолжува парламентарна расправа, се чека гласање за новата влада


 Српскиот парламент претпладнево ќе ја продолжи првата вонредна седница на која единствена точка на дневен ред е избор на Влада и давање заклетва на претседателот и членовите. Се очекува дискусијата да продолжи, по што пратениците треба да гласаат, јавија српските медиуми. Продолжението на првата вонредна седница на Националното собрание во актуелното свикување е закажано за […]

„Карфур“ доаѓа во Србија


Филијалата на „Карфур“ (Carrefour) во Грција потпишала ексклузивни права за претставување на „Карфур“ и на српскиот пазар, дознава Ретајл Србија. Company Retail & More A.E. планира да го донесе „Карфур“ во Србија, но и на неколку други пазари на Балканот. Грчката компанија во соработка со партнери во Бугарија неодамна ги отвори првите супермаркети „Карфур“ во […]

Албанија: Работнички протести за достоинствени плати и услови за работа


 Албанските синдикати се обединија во заеднички протест пред владата во Тирана со барање за „достоинствени плати и услови за работа“. На работниците од различни професии, рудари, просветни работници, здравствени лица, им се придружија и невработени граѓани и пензионери. Во меѓувреме премиерот Еди Рама од Елбасан каде што денеска беше во посета на компанијата за фероникел […]

Започна изградбата на националниот стадион во Србија, а во 2028 година таму ќе се игра големото европско финале


Работите на изградбата на националниот фудбалски стадион во Сурчин започнаа со поставување на камен-темелникот. На свеченоста присуствуваше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој најави дека финалето на Европската лига во 2028 година ќе се игра на новиот стадион. Националниот стадион во Србија ќе има околу 52.000 седишта и ќе биде изграден по сите стандарди […]

Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во централна Хрватска


Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово во 5 часот и 38 минути го погоди подрачјето на градот Слуњ во централна Хрватска, соопшти Сеизмолошката служба. Епицентарот на земјотресот бил на околу 15 километри јужно од Слуњ и на длабочина од 10 километри. Магнитудата на земјотресот изнесувала 4,3 степени според Рихтеровата скала, а […]

Првомајски штрајк и протести во Грција


Најголемите грчки синдикати денеска закажаа штрајк и протести за одбележување на Денот на трудот, иако официјално со министерска одлука првомајскиот празник е поместен за следниот вторник поради Велигден, јави дописничката на МИА од Атина. Денешниот штрајк го организираат синдикатите на вработените во приватниот и државниот сектор и синдикатот на Комунистичката партија, а учествуваат и Здруженијата […]

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана


Советот на општина Тирана на денешната седница донесе одлука со која за почесен граѓанин го прогласи претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, јавија медиумите. – На предлог на градоначалникот Ерион Велиај, Советот на општина Тирана денеска едногласно одлучи да му додели титула „Почесен граѓанин“ на албанскиот политичар Али Ахмети, во знак на благодарност […]

Што значи за Србија враќањето на санкционираниот Александар Вулин во владата


  Само шест месеци му требаа на Александар Вулин, основачот на Социјалистичкото движење и „креаторот на српскиот свет“, да се врати на државна функција. Мандатарот Милош Вучевиќ го предложи за потпретседател на новата српска влада без ресор, што не е добра вест за прозападно ориентираната јавност. Вулин ќе продолжи да има висока јавна функција и […]

Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за Босна и Херцеговина


Ситуацијата во Босна и Херцеговина е тема за која вечерва ќе разговара Советот за безбедност на ОН, на барање на Русија, што е дел од кампањата со која политичарите на босанските Срби и Србија се обидуваат да го спречат усвојувањето во ОН на резолуцијата со која 11 јули ќе биде воведен како ден на сеќавање […]

Продолжен притворот за осомничените за убиството на Данка Илиќ


Вишиот суд во Заечар им го продолжи притворот за уште 30 дена на С.Ј и Д.Д., осомничени за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, беше потврдено за Танјуг од тој суд. Според оваа одлука, нивниот притвор може да трае до 29 мај. Осомничените се во притвор од 6 април поради опасност од бегство, можност за […]

Дачиќ министер на МВР, Вулин се враќа во Владата, Ѓуриќ нов шеф на дипломатијата


Претседателот на СНС и мандатар на новата српската Влада, Милош Вучевиќ по седницата на Претседателството на партијата ги презентираше кадровските решенија на новата Влада на Србија. Ивица Дачиќ пак ќе биде министер на полицијата, Вулин се враќа во Владата, нов шеф на дипломатијата е досегашниот српски амбасадор во САД Марко Ѓуриќ, додека Братислав Гашиќ од […]

ЕППО уапси три лица во Загреб поради милионска измама со пари за реконструкција по земјотресите во Петриња


Европското јавно обвинителство (ЕПО) во Загреб (Хрватска) покрена истрага против три лица и една трговска компанија поради сомнение дека извршиле измама со субвенционирање и фалсификување документи со цел да се добие неповратна поддршка во износ од околу 2,5 милиони евра. наменета за реконструкција по земјотресот, финансирана од Фондот за солидарност на Европската Унија (EUSF). Сите […]