Досега во Косово попишани околу 900 илјади лица, Србите од северот масовно бојкотираат


Агенцијата за статистики на Косово (АСК) соопшти дека досегашната четиринеделна работа на терен за Пописот на населението, семејните економии и домувањето во Косово се одвива според планот, јави дописникот на МИА од Приштина. Директорот на АСК, Авни Кастрати на денешната прес-конференција кажа дека досега бројот на попишани е околу 900 илјади лица, поради што е […]

Црна Гора ќе воведе седумчасовен работен ден


Министерката за труд и социјална заштита на Црна Гора, Наида Нишиќ денеска најави дека до крајот на годината во Црна Гора може да се очекува воведување седумчасовно работно време. Таа за Радио Црна Гора изјави дека социјалните бенефиции во иднина ќе бидат поправедни, како и дека нема да има укинување на Фондот на ПИО, туку […]

Стано: Целта на ЕУ е да им помогне на Белград и Приштина да почнат да се однесуваат европски


Од досегашното искуство од работата на специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, Унијата научи дека ако страните во еден спор не сакаат напредок, никој не може со сила да ги натера на тоа, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни односи и одбранбена политика Петер Стано.  – Нашата улога како олеснувач […]

Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите


За гласање преку пошта на претстојните европски избори на 9 јуни се пријавиле над 157.000 грчки граѓани, од кои мнозинството, односно 116.000 живеат во Грција, а останатите се од дијаспората, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Пријавувањето за поштенското гласање започна на средината на февруари, а завршува вечерва на полноќ. […]

Додик: Ќе побарам од Србија и Вучиќ поддршка за разидување на Република Српска од БиХ


Претседателот на Република Српска Милорад Додик синоќа изјави дека ќе побара од Србија да разбере дека Република Српска мора да оди по патот на одвојување од Босна и Херцеговина, поради Резолуцијата за Сребреница. Додик рече дека, без разлика што резолуцијата на Генералното собрание на ОН не е обврзувачка, таа ќе биде отфрлена бидејќи нејзината содржина […]

Директна споредба: Кој авион е подобар, хрватскиот Rafale F3-R или српскиот MiG-29SM


Сега, кога хрватското воздухопловство има шест нови ловци за заштита на своето небо, се поставува прашањето колку се добри или подобри Rafale F3-R во споредба со српските ловци MiG-29SM. Споредувањето на борбените авиони е честа тема, често неблагодарна, но има примери во кои е повеќе од очигледно кога еден борбен авион е супериорен во однос […]

Месиќ во Приштина: Голема Србија никогаш нема да има, Србија е само мала балканска држава


 Поранешниот претседател на Хрватска, Стјепан Месиќ, изјави дека никогаш повеќе не може да се направи голема Србија, додавајќи дека во Србија „сè уште има луѓе како криминалецот Слободан Милошевиќ кои имаат за цел српска експанзија“, јави дописникот на МИА од Приштина. Месиќ на манифестацијата „Паналбанско-меѓубалканска-евроатлантска средба“ во Приштина, по повод 25-годишнината од војната на Ослободителната […]

Пожар во фабрика за ракетни погонски системи кај Белград, повредени две лица


 Двајца работници се повредени денеска, од кои едно потешко, во пожар во фабрика за погонски системи за ракети „Еде про“ во Лештани кај Белград, јави Радио-телевизија на Србија (РТС). Пожарот избувнал на валјакот на фирмата „Еде про“. Засега не се знае степенот на повредите. Пред три години се случи експлозија во магацин со ракетно гориво, […]

Пахор подготвува предлог за дијалог меѓу Белград и Приштина


Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, денеска соопшти дека подготвува нацрт за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој, како што наведе, сака прво да го координира со високиот комесар на ЕУ за надворешни работи и безбедност. Политика, Жосеп Борел. „Поранешниот претседател Пахор подготвува нацрт и рамка за продолжување на дијалогот, но тој сака […]

Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, се молиме Бугарија да остане полоша


 Претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ денеска нагласи дека Хрватска е дното на ЕУ кога се гледаат поранешните социјалистички земји, и дека „единствено Бугарија е полоша од нас“. „Бугарија е единствено полоша од нас и секое утро му се молиме на Бога ништо не им се случи да има кој да биде последен….Тоа не е […]

Кој е подобар: Хрватскиот „Рафал Ф3-Р“ или српскиот „Миг-29СМ“?


  Споредувањето на борбените авиони е честа тема, честопати неблагодарна, но има примери во кои е повеќе од очигледно дека едниот борбен авион е супериорен во однос на другиот. Имајќи го ова на ум, почнавме да ги анализираме многуте карактеристики на хрватските „Рафал Ф3-Р“ и српските борбени авиони „МиГ-29См“. Еве ги критериуми за да видиме […]

Србија од 2020 година привлекла 15,9 милијарди евра странски инвестиции


Од 2020 година Србија кумулативно привлече 15,9 милијарди евра директни странски инвестиции, изјави денеска српскиот министер за финансии Синиша Мали на средба со инвеститори од САД, јави Бета. „Не правиме разлика меѓу домашни и странски инвеститори. Се надевам дека во Србија ќе најдете проекти и можности кои ќе ве интересираат да инвестирате“, им порача Мали […]

Пленковиќ: Милановиќ повеќе не постои


Премиерот на техничката влада на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска изјави дека и трет мандат ќе остане претседател на извршната власт, а на Зоран Милановиќ му порача дека повеќе не постои како претседател на Републиката. Милановиќ како претседател на Републиката повеќе не постои … Тој го знае тоа, тоа го знаат сите експерти по уставно право. […]

Запленета голема количина фалсификувани производи во Нови Сад и Белград, меѓу кои има бисквити, детергенти и шампони


Пазарните инспектори на српското Министерство за трговија открија нелегално производство на фалсификувани хемикалии за домаќинство, детергенти и шампони од марката „Проктер&Гембл“, како и фалсификувани бисквити Плазма. „Ова е откриено во акцијата за сузбивање на продажбата на фалсификувани производи на српскиот пазар“, изјави денеска министерот за трговија Томислав Момировиќ. Тој рече дека на овој начин е […]

Хаос пред градското собрание во Тирана, фрлани молотови коктели врз објектот


Молотови коктели и други запаливи средства врз објектот на градското собрание во Тирана,  фрлаа учесниците на протестот организиран од опозициските демократи-приврзаници на Сали Бериша. Поради сериозноста на состојбата зголемено е присуството на полициските трпи, кои на учеснците во протестот не им дозволија насилно да влезат во објектот а во гаснењето на пожарот учествуваше противпожарна единица. […]

Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“


Атина – Двајца странски државјани, членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“, во средата биле уапсени во Атина, а се товарат за две кражби на златарници во центарот на градот, јави дописничката на МИА од Атина. Неофицијално станува збор за српски државјани, а за кражбите го користеле методот „рифифи“, односно во златарниците и продавниците за накит […]

Полицајци го претепале до смрт главниот сведок, по телото на Данка се уште се трага


Извештајот од обдукцијата предизвикал паника во Полициската управа во Бор, а тројцата полицајци кои го претепале до смрт 40-годишниот Далибор Драгијевиќ, брат на Дејан Драгијевиќ,  осомничен за убиство на 2-годишната Данка Илиќ, и клучен сведок во потрагата, меѓусебно се обвинуваат, дознаваат српските меидуми. Весникот „Нова“ најави дека во утрешното издание ќе објави нови детали од […]

Пленковиќ: Набавка на повеќенаменски бродови ќе биде нашиот следен чекор


Загреб – Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека по борбените авиони „Рафал“, следниот чекор е набавка на повеќенаменски бродови за хрватската морнарица. -Следниот голем проект на евентуалната трета влада на Андреј Пленковиќ ќе биде набавка на повеќенаменски бродови, изјави хрватскиот премиер по свечениот пречек во Хрватска на првата група повеќенаменски борбени авиони „Рафал“, кои пристигнаа од […]

Во Турција осудени девет железничари на повеќе од 108 години затвор поради несреќа во која загинаа 25 луѓе


Судот во Турција осуди деветмина железничари на повеќе од 108 години затвор за несреќата од пред шест години, при што загинаа 25 лица, од кои седум деца, а беа повредени повеќе од 300 луѓе. Патнички воз на Турските државни железници излета од шините во јули 2018 година додека минуваше низ округот Чорлу, околу 110 километри […]

Моќните борбени авиони „Рафал“ слетаа во Хрватска, еве како изгледаат


Првите шест од вкупно 12 повеќенаменски борбени авиони „Рафал“ слетаа денеска во Хрватска. Пилотите ги пречекаа членови на хрватскиот државен врв, меѓу кои претседателот Зоран Милановиќ, премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот на Собранието, Гордан Јандроковиќ. Авионите „Рафал“ полетале од воздухопловната база во Бордо и влегле во хрватскиот воздушен простор западно од Ровињ. Летот траеше еден […]