Пустец ја отвори туристичката сезона


Во организација на Општина Пустец, традиционално, со низа активности означен е почетокот на туристичката сезона, при што се презентирани природни убавини, културни богатства, македонските традиционални јадења, традиции и обичаи. -Повеќе ресторани и производители на храна и мед на плоштадот „Гоце Делчев“ во центарот на Пустец, пред црквата „Свети Архангел Михаил“ имаа штандови со свои производи […]

Хрватска: Пленковиќ договори формирање влада со десничарското Татковинско движење


Партијата Хрватска демократска заедница (ХДЗ) денеска постигна договор со десничарското Татковинско движење за формирање на ново парламентарно мнозинство и идна влада, која повторно ќе ја предводи претседателот на ХДЗ, Андреј Пленковиќ. „Предлогот за постигнатиот договор, заедно со распределбата на ресорите на идната влада, во текот на денешниот ден ќе биде претставен пред партиските органи и […]

Анкета: ГЕРБ во командна позиција пред изборите во Бугарија


  Партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов и натаму е неприкосновена на политичката сцена во Бугарија. Барем според анкетите. И последната направена од агенцијата „Алфа рисрч“ ГЕРБ е во водство од речиси осум просентни поени пред коалицијата Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија: 25,4 наспроти 17,5 отсто. Ова го посочува најновата анкета на „Алфа Рисрч“, спроведена, […]

Србија купува девет возови од Кина за ЕКСПО 2027 година


Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ и претседателот на Управниот одбор на кинеската компанија CRRC, Лиу Чанчинг денеска потпишаа Протокол за разбирање и соработка за набавка на девет нови електрични возови за брзини на 120 километри на час. По потпишувањето на документот во Владата на Србија, Весиќ рече дека набавката на […]

(Видео) Авион на „боинг“ слета во Истанбул без предна опрема за слетување, исфрлајќи искри


Товарен авион на „Боинг Федекс ерлајнс“ слета на аеродромот во Истанбул во средата без распоредена предна опрема за слетување и успеа да остане на пистата, соопшти турското Министерство за транспорт, додавајќи дека нема жртви. Боингот 767, кој летал од парискиот аеродром Шарл де Гол, ја известил контролната кула на аеродромот во Истанбул дека неговата опрема […]

Австрија ќе испраќа осуденици во затворите во Косово


Австрија сака да изнајми косовски затвор каде што осудените криминалци од неевропски земји ќе можат да ја отслужуваат казната. Министерот за внатрешни работи Герхард Карнер разговараше за идејата со данскиот министер за правда Питер Хумелгард во вторникот. „Притворските места како оние што ги планира Данска на Косово се исто така дел од австрискиот план на […]

Ши Џинпинг пристигна во посета на Србија


Кинескиот претседател Ши Џинпинг пристигна вечерва во Србија јавија кинеските државни медиуми. Тоа е негова „втора станица“ од европска турнеја по државната посета на Франција. Кинеската државна телевизија CCTV јави дека Си „пристигнал во Белград со специјален авион со цел да престојува во државна посета на Србија, на покана на претседателот Александар Вучиќ“.  Ши, по […]

Која е целта на посетата на кинескиот лидер Ши на Белград


  Посетата на кинескиот лидер Ши Џинпинг на Европа започна во понеделникот во Париз, каде што се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон, а одржа трилатерална средба со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и државен банкет вечерта во Елисејската палата. Денеска Макрон го одведе Ши до превојот Турмале на 2.000 метри во […]

Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски возачки дозволи


Косовскиот премиер Албин Курти денеска соопшти дека со одлуката на Министерството за внатрешни работи на Косово е овозможена замена на српските возачки дозволи со косовски. Оваа можност ќе биде отворена од 9 мај и ќе трае до 9 август годинава. „Префрлувањето на возачка дозвола РКС овозможува лесно и практично регистрирање на возилото. За да се […]

Затворен Босфорскиот теснец, се насука товарен брод од Украина


Босфорскиот теснец, кој го поврзува Црното Море со Средоземното Море, е затворен за бродови откако товарен брод од Украина се насука, соопштија турските власти за ДПА. „Брод по име Алексис превезува прехранбени производи од Украина до Египет. Се случи дефект на моторот во близина на излезот од пловниот пат“, изјави за ДПА портпаролот на Управата […]

Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада


Претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и на техничката влада Андреј Пленковиќ по седницата на претседателството на партијата изјави дека има повеќе од 76 пратеници кои се подготвени да го поддржат. На парламентарните избори во Хрватска на 17 април ХДЗ го освои мнозинството мандати во Парламентот, но недоволно за сама да формира влада, па претходните […]

Најдени телата на две девојчиња во реката Бојана


  Во градот Скадар е пронајдено тело на уште едно девојче, за кое се верува дека е ќерка на Алма А., која со трите деца скокнала во реката Бојана, јавува новинарката на Балкан Веб. Во меѓувреме, потрагата по телата на мајката и синот на Алма Арази продолжува. Алма А., за која се верува дека била […]

По „рафалите“, Хрватска купува и нови авиони за гасење пожари


По купувањето на борбени авиони, Хрватска ќе го зајакне вториот дел од воздушната флота, поточно со „канарди“ за гаснење пожари. Главниот командант на пожарникарите на Република Хрватска, Славко Туцаковиќ, во понеделникот за Хина изјави дека сезоната на пожари ја дочекуваат со доволен број „канадери“ и „ертрактори“, а флотата ќе се зајакне за приближно две до […]

Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи


Маж и жена со руски пасоши се приведени синоќа на граничниот премин Јариње меѓу Србија и Косово од страна на косовската полиција, поради сомневање дека претходно влегле во земјата преку нелегални патишта, јави дописникот на МИА од Приштина. Двете лица на преминот на косовска страна, при обидат да ја напуштат земјата, пристигнале синоќа околу 20 […]

„Дневник“: Ние Бугарите не сме орда


  Време е да престанете да очајувате. А, лесно е да паднете во очај кога  ќе се затворите во рамките на „големите“ медиуми и на Фејсбук. Откако таму, секој ден  фрлаат тони смрдеа на вас – додека сè околу вас не смрди. За општи работи – т.е. за политиката – луѓето зборуваат со диви и […]

Ќе биде уште полошо – Сахара доаѓа во Грција


Минатиот вторник (23.4.) во Атина сите имаа што да видат: воздухот првично беше целосно жолт, потоа портокалов, а самракот беше црвен. Многумина тврдат дека вакво нешто досега не виделе, барем не во вакви размери. И посеверно од Грција, на пример во Хрватска се вели дека тоа е „сахарски песок“: не е песок, честичките му се премногу тешки […]

Џулијан Асанж прогласен за почесен член на Здружението на новинари на Република Српска


Здружението на новинари на Република Српска, по повод Меѓународниот ден на слободата на медиумите, денеска го прогласи Џулијан Асанж за почесен член на тоа здружение. Во соопштението на УНРС се наведува дека не е неопходно да се објаснува овој потег, особено не на оние кои се занимаваат со прашањето за слободата на говорот и мислата, […]

Реакции во Косово по падот од 19 места на Индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“: „Алармантен регрес“


Во Индексот за слободата на медиумите во светот во 2024 година, објавен од организацијата „Репортери без граници“ по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, Косово се рангира на 75-то место, што е за 19 места полошо од 2023 година, кога беше рангирано на 56-то место, јави дописникот на МИА од Приштина. Во бројните реакции […]

Годишната стапка на инфлација во Турција се зголеми на речиси 70 отсто


Годишната стапка на инфлација во Турција во април се зголеми од мартовските 68,5 отсто на 69,8 отсто, објави денеска Турскиот институт за статистика Туркстат. Инфлацијата во Турција сега е највисока од ноември 2022 година. Во април најмногу пораснале цените во секторот образование на годишно ниво, за 103,86 отсто, како и цените на услугите во хотелите, […]

Годишнина од масакрот во Белград: Солзи, сирени и прекин на ТВ програмите


Родителите на децата кои загинаа пред точно една година во пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград утрово пристигнаа пред училиштето. Таму положија цвеќе и запалија свеќи во спомен на убиените деца и училишниот чувар. Во масовното убиство кое тринаесетгодишникот го започна на 03.05.2023 година во 08.41 часот, убиени се: Мара Анѓелковиќ, Бојана Асовиќ, […]