Вознемирувачко насилство во бугарски мигранти центар


Млад човек е потпрен на ѕид во аголот на просторијата, веднаш до кревет на кат. Подот пред него е прекриен со крв, како и неговото лице и нозете. Оваа вознемирувачка сцена може да се види на една од снимките до кои дојде БИРН, а на кои се документираат последиците од она што притворениците го опишуваат […]

Грција годинава предвремено ќе отплати 13 милијарди евра од јавниот долг


Во текот на 2026 година Грција планира предвремено да отплати 13 милијарди евра од јавниот долг со што, според грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, земјата го остава зад себе негативниот рекорд на „најзадолжена држава на нашиот континент“, јави дописничката на МИА од Атина. Преку објава на Фејсбук, Мицотакис посочи дека Грција континуирано го намалува јавниот долг […]

Минималната плата во Србија ќе биде 600 евра, одлуката на следната владина седница


Првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за финансии Синиша Мали, по седницата на Социјално-економскиот совет, изјави дека при утврдувањето на минималната цена на трудот се земаат предвид шест параметри, меѓу кои растот на бруто-домашниот производ, состојбата на пазарот на трудот, инфлацијата и макроекономската стабилност на земјата. Денес, претставниците на Владата, работодавачите и синдикатите […]

Бугарија го реконструира граничниот премин „Капитан Андреево“ кон Турција, капацитетот ќе се зголеми за 25 отсто


На граничниот премин меѓу Бугарија и Турција „Капитан Андреево“ официјално започна реконструкцијата и модернизацијата вредна над 43,55 милиони евра без ДДВ, со која капацитетот на пунктот треба да се зголеми за 25 отсто, односно за дополнителни 250.000 возила годишно, соопшти началникот на граничниот пункт Георги Господинов. Официјалниот почеток на градежните работи го означија Господинов и […]

Британски туристи  на меден месец загинаа во падот на приватниот хеликоптер на грчкиот остров Сифнос


Пилотот- грчки државјанин и британски брачен пар за време на нивниот меден месец, загинаа во падот на приватниот хеликоптер на грчкиот остров Сифнос, што се урна и запали вчера попладне, а во тек е истрага за причините за несреќата, јави дописничката на МИА од Атина. Хеликоптерот падна вчера кусо по 18 часот во близина на […]

Морскиот брег кај Ровињ преплавен со медузи


Густи јата од таканаречената „морска месечина“ го блокираа пристапот до водата во Истра, а локалните власти апелираат на претпазливост. Брегот кај Ровињ се соочува со масовна појава на медузи, поради што капењето на повеќе познати плажи во Истра е речиси невозможно. Насмеаните туристи и локалните жители деновиве се соочуваат со необична морска слика, откако силни […]

Самарас се враќа на политичката сцена, ќе го врати ли и спорот со Македонија?


Андонис Самарас остана запаметен во Македонија како политичар кој го искомплицира спорот за кој требаше децении да се извлечат и нашата држава и Грција. сега, кога најави враќање на политичката сцена со своја партија место Нова Демократија, се поставува прашањето дали се сменил и каков печат може да остави на надворешната политика на Грција. Весникот […]

Секој втор туристички брод на Санторини затајувал данок


Даночни прекршувања во висина од 92.000 евра откриле инспекторите од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) за време на ненајавените контроли спроведени на туристички бродови и катамарани што организираат целодневни или попладневни крстарења на грчкиот остров Санторини, при што биле изречени казни во вкупен износ од 43.000 евра, јави дописничката на МИА од […]

Почина Ведрана Рудан – жената со остар јазик


Хрватската писателка, новинарка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст, по долга и тешка борба со ракот. Веста за нејзината смрт за хрватскиот портал „Шоубаз“ ја потврдиле извори блиски до неа.   Утрово, на официјалниот профил на Рудан беше објавена кратка порака која навести дека таа починала. „Ведрана отиде на подрачје без сигнал“, стои во објавата.   Набргу […]

Инфлацијата во Албанија расте, во јули достигна 3,4 отсто


Во Албанија во јули инфлацијата достигна ниво од 3,4 отсто, што е второ последователно зголемување и е над целта од проектираните  3 отсто  на Централна банка на Албанија. Според државниот завод за статистика, ИНСТАТ, инфлацијата била 3,2% во јуни, додека во јули минатата година 2,5 отсто. На месечно ниво до крајот на јули, цените се […]

„Алпак капитал“ ги презеде во Србија Н1, ТВ Нова, Nova.rs, Радар, Данас: Сите директори се веднаш сменети


Сопственикот на компанијата „Алпак Капитал“, Педро Варгас Сантос Давид, денеска официјално е регистриран како директор на сите независни медиуми ANN, членки на „Јунајтед Груп“ во Србија, објави Н1 на сајтот. Во Агенцијата за деловни регистри, одлуките за назначување на сопственикот на „Алпак Капитал“ се донесени денеска, 17.08.2026 година. Михаило Јовиќевиќ, директорот на порталот и весникот […]

Во големиот пожар кај Омиш изгореа 106 возила и 28 куќи, ќе се бара прогласување природна непогода


Во пожарот што во ноќта меѓу 13 и 14 август го зафати подрачјето на Локва Рогозница и Омиш во Хрватска целосно изгореа дури 106 возила, 28 куќи, седум стопански, три угостителски и шест помошни објекти на семејни куќи – соопшти денеска сплитско-далматинскиот жупан Блаженко Бобан.  – Исто така, целосно изгореа и 45 пловила што биле […]

Турски „национални морски паркови“ ја налутија Грција: Нелегални се, вели Атина


Со претседателските декрети од 15 август, Турција прогласи два „национални морски паркови“ во североисточниот дел на Егејското море и Источниот Медитеран, кои се протегаат вон турските територијални води. Доколку овие паркови опфаќаат меѓународни води, нивното воспоставување е нелегално, бидејќи ниту една држава, нема право, согласно меѓународното право на морето, еднострано да воспоставува морски заштитени подрачја […]

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина


Безживотни тела на две лица биле пронајдени за време на гаснење на пожарот што избувна на грчкиот остров Саламина и брзо се прошири поради силниот ветер, а девет лица со изгореници се префрлени во болница, додека пак превентивно беа евакуирани шест населени места, јави дописничката на МИА од Атина. Во период од 15 минути избувнаа […]

Пожар во хотел во Валона, 5 лица на лекување во Тирана, еден пациент во критична состојба


 Во пожар што избувнал во хотелот „Бруклин” во приморскиот албански град Валона, повредени се повеќе туристи, при што  петмина се пренесени на лекување во Тирана, еден е во критична состојба. Според Министерството за здравство, тројца од повредените се примени во Универзитетската клиничка болница „Мајка Тереза“. Еден од пациентите е во сериозна состојба, поради високиот процент […]

Силно невреме на Пелопонез, водата носела автомобили (ВИДЕО)


Силно невреме го погоди Пелопонез, предизвикувајќи за само неколку минути големи поплави и сериозен хаос во областа Мани. Поројната вода носела автомобили, поплавувала куќи и туристички објекти и оштетила патишта, а противпожарната служба добила десетици повици за помош. Во Итило, жена била погодена од гром додека била во автомобил и итно била пренесена во болница […]

Србија се бори со 39 пожари: Критично е кај Ковин и Краљево


Високите температури, сушата и силниот ветер повторно создаваат сериозни проблеми со пожарите во Србија, каде што во моментов се активни 39 пожари на отворен простор, пренесуваат српските медиуми. Најтешка е состојбата во Делиблатската Песочара, на територијата на општина Ковин, каде што пожарот зафатил површина од околу 3.000 хектари, претежно ниска вегетација и трева. На дел […]

Рама ги обвини опозицијата и алгоритмите за големиот одзив на протестите


Албанскиот премиер, Еди Рама, за британскиот „UnHerd“,  изјави дека протестите што се одржаа во последните месеци во Албанија повеќе не се исти како оние од јуни. Според него, во неодамнешните протести биле вклучени повеќе политички партии и опозициски групи, вклучувајќи ги и екстремните левичарски и десничарски сили. Рама вели дека, и покрај тензиите, е „многу […]

Митинг пред 100 илјади луѓе: Ердоган ја претстави визијата на владејачката АКП за следниот четврт век


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја претстави визијата на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) за следниот четврт век, во говорот по повод одбележувањето на 25-годишнината од основањето на партијата. Годишнината синоќа беше одбележана со голем митинг во паркот „Милет бахчеси“ во главниот град Анкара, на кој присуствуваа повеќе од 100.000 луѓе. Говорот на […]

Хрватските пожарникари објавија шокантно видео од самото средиште на пожарот кај Омиш


Доброволната противпожарна бригада Трогир објави видео од борбата со големиот пожар кој од областа Локва Рогозница се прошири кон Омиш и околните градови. На видеото се гледа како се гасне пожарот во непосредна близина на куќите, во самиот центар на пожарот каде ситуацијата била најтешка. Членовите на бригадата, заедно со бројни колеги, направија извонредни напори […]