Двоспратен автобус полн со српски туристи излетал од патот во Бугарија


Двоспратен автобус со српски регистерски таблички кој превезувал 84 патници излетал рано утрово од автопатот „Тракија“ во Бугарија и според досегашните информации на белградски медиуми, во инцидентот нема повредени. Автобусот на туристичката агенција Go2travelling, кој превезувал српски државјани на одмор во Кушадаси, излетал од патот во Бугарија, на околу 150 километри од Софија. Несреќата се […]

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин


Во рамки на меѓународната соработка помеѓу обвинителствата и надлежните служби за борба против недозволена трговија со дрога на Република Северна Македонија, Косово и Грција, денеска беше реализирана координирана акција во Солун, при што е сузбиена меѓународна организирана криминална група. Во акцијата, како што информира Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО […]

Пожарот кај Херцег Нови се шири на фронт од 15 километри: Битката со огнената стихија влезе во третиот ден


Црногорските пожарникари, војниците и припадниците на Министерството за внатрешни работи трет ден се борат со големиот шумски пожар над Херцег Нови, кој под дејство на силниот ветер се прошири кон населените места и создаде огнен појас од околу 15 километри, објави Радио-телевизија Црна Гора (РТЦГ). И покрај тоа што ветерот брзо го менува правецот и […]

Мртво лице пронајдено по пожарот во близина на Омиш


Полицијата денес околу 13:30 часот пронашла мртво тело на едно лице додека вршела увид во опожарената површина, соопшти Сплитско-далматинската полиција. На местото на настанот ќе се спроведе истрага на лице место, предводена од надлежниот државен обвинител со помош на полицијата. Не се објавени информации за идентитетот на починатиот или околностите на смртта. Повеќе детали треба […]

Хрватската опозиција почна постапка за гласање недоверба на Владата поради опасниот отпад во Госпиќ


– Социјалдемократската партија (СДП), најголемата хрватска опозициска партија, почна постапка за гласање недоверба на владата на Андреј Пленковиќ, соопшти Хрватската радио-телевизија (ХРТ). Опозициските партии бараат и итна вонредна парламентарна седница во текот на летната пауза, а медиумите шпекулираат дека претседателот Зоран Милановиќ размислува да ја свика. Иницијативата на СДП доаѓа по увојувањето низа политички и […]

По Ципрас, и Самарас се враќа на политичката сцена во Грција


Охрабрен од анкетите кои покажуваат дека неговата потенцијална партија не само што го надминува прагот од 3% потребен за влез во Парламентот, туку евентуално ќе освои помеѓу 5% и 10% од гласовите, и пркосејќи на ударот врз неговиот углед од неговото второ спротивставување на владејачката Нова демократија (НД) – во двата случаи резултат на лична […]

Огнена стихија на Балканот: Пожарникарите во Македонија, Хрватска и Грција спасуваа животи и куќи


Балканот се соочува со драматична и критична состојба откако разорни шумски пожари истовремено ги зафатија Хрватска, Грција и Македонија, предизвикувајќи масовни евакуации, повредени граѓани и огромна материјална штета. Силните ветрови и екстремните температури дополнително ја отежнуваат битката на противпожарните екипи на терен. Најдраматично изминатото деноноќие беше во Хрватска, каде што беа вложени надчовечки напори и […]

Туристите и жителите сè уште не можат да се вратат во Сивири


Поради големиот пожар во Сивири на првиот крак на Халкидики, туристите, но и жителите на малото грчко приморско место, ноќта ја поминаа во привремен престој, по евакуацијата и по копно и по море, а иако ситуацијата утрово е значително подобрена, пожарот е ставен под контрола и има само мали расфрлани жаришта, сепак патот до Сивири […]

Делови од мотор го скршиле стаклото на авионот на „Рајанер“ во инцидентот кога беше повреден патник од Србија


Делови од авионски мотор што најверојатно се одвоиле по удар во птици, го скршиле прозорецот на авион на „Рајанер“ во инцидентот што се случи минатиот месец, при што беше повреден патник од Србија, соопштија американски експерти кои заедно со грчките власти го истражуваат случајот. Лопатка од турбината на моторот се распаднала, го скршила прозорецот и […]

Значително подобрена ситуацијата со пожарот во Сивири – изгорени 350 хектари површина


Ситуацијата со пожарот во Сивири на првиот крак на Халкидики утрово е значително подобрена, нема активен пожарен фронт, но на повеќе места има расфрлани жаришта и продолжува без прекин интервенцијата со учество на над 200 пожарникари за целосно да се изгасне огнената стихија што досега зафати површина од околу 350 хектари, а македонска туристка, која […]

Во пожарот кај Омиш повредени се 36 лица, 14 се хоспитализирани, седум се животно загрозени


Вкупно 36 лица добиле медицинска помош во КБЦ Сплит поради повредите здобиени во синоќешниот пожар кај Омиш, јавија хрватските медиуми. По медицинската помош, 14 пациенти се хоспитализирани, додека останатите се пуштени на домашна нега, соопшти болницата. Седум пациенти се на интензивна нега и нивниот живот е во критична состојба. Како што дознава Индекс, повеќето од […]

Голем пожар кај Омиш во Хрватска. „Луѓето плачат, бегаат, изгоре тврдината Фортица“


Големиот пожар кој вчера вечерта избувна во Хрватска кај Локва Рогозница се прошири и на самиот Омиш и создаде исклучително тешка ситуација на терен. Пожарот стигна до куќите, стотици луѓе се евакуирани, а десет од нив се повредени. На терен има бројни противпожарни бригади со пристигнување на засилување, пишува Нет.хр. Спортската сала „Рибњак“ во Омиш […]

ЕУ ја активира услугата за мапирање на „Коперникус“ за пожарот во Халкидики


Европската унија ја активираше својата Служба за управување со вонредни состојби „Коперникус“ за да обезбеди сателитско мапирање и податоци за пожарот што избувна во четврток во Касандра, на грчкиот полуостров Халкидики, соопшти Министерството за климатски кризи и цивилна заштита. Услугата беше активирана на барање на грчките власти за цивилна заштита под кодот EMSR918. Ќе изработува […]

Евакуирани над 400 лица по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар


Со чамци и бродови на крајбрежната и противпожарната служба, со приватни и рибарски чамци, но и со траект што сообраќа од Солун до островите од групата Споради, вкупно 446 лица, туристи, жители и оние кои попладнево беа во приморското место Сивири на првиот крак на Халкидики, по морски пат успешно беа евакуирани поради големиот пожар, […]

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт


Турција, Саудиска Арабија и Пакистан ќе создадат посебни политички и воени механизми во рамките на договорот за заедничка одбрана што трите земји го потпишаа минатата недела, соопши турското Министерство за одбрана. Од Министерството соопштија дека новоформираните механизми ќе ги опфатат министрите за одбрана, министрите за надворешни работи и воените раководства на трите држави. Договорот исто […]

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар (Видео)


Туристите, жителите и оние кои се наоѓаат во приморското место Сивири на првиот крак на Халкидики, неофицијално, над 250 лица, попладнево со чамци и бродови на крајбрежната и противпожарната служба и со приватни чамци се евакуираат по морски пат поради големиот пожар што сè уште не е ставен под контрола, а се гасне од копно […]

Турската централна банка ги ревидираше очекувањата: Инфлацијата во 2026 година ќе достигне 28 проценти


Централната банка на Турција ја зголеми прогнозата за инфлацијата на крајот на 2026 година за два процентни поена, односно на 28 проценти, објави турската новинска агенција Анадолија, повикувајќи се на гувернерот на банката Фатих Карахан. Гувернерот Карахан ги соопшти новите проекции за време на информативната средба за претставување на третиот годишен извештај за инфлацијата, која […]

Рама се дистанцира од нападите на Украина, поддршката за мир “не е кеш машина за поврат“


Албанскиот премиер Еди Рама се огради од хистеријата во Албанија околу пораката на украинскиот лидер дека нема да го признае Косово, бидејќи е јасно дека во овој момент повеќе му треба муницијата од Србија а и таквата одлука е контрапродуктивна за нејзината актуелна внатрешна ситуација со Донбас. „Мојoт драг пријател Володимир Зеленски стоеше во Белград […]

Пожар на Халкидики: „Ако сте во Сивири, упатете се кон Мола Калива“, порака до жителите и туристите


Шумски пожар во вашиот регион. Ако се наоѓате во Сивири, во регионалната единица Халкидики, упатете се кон Мола Калива, е пораката од бројот за итни случаи 112 што кусо по 15 часот по локално време беше испратена до жителите и оние кои се во околината на Сивири на првиот крак на Халкидики, поради пожарот што […]

„Чистка“ на плажите во Калитеа, Ханиоти, Криопиги, Полихроно… Општината отстранува нелегално поставени чадори, лежалки…


 На шест различни локации, во подрачјата на Мола Калива, Неа Скиони, во Калитеа, Ханиоти, како и во крајбрежната зона меѓу Криопиги и Полихроно, општина Касандра, на првиот крак на Халкидики, досега спроведе организирани акции за отстранување на нелегално поставената опрема на плажите, јави дописничката на МИА од Атина. Од општината информираа дека ваквите акции се […]