Повеќе од половина од албанските семејства не можат да си дозволат еднонеделен одмор годишно


Повеќе од половина од семејствата во Албанија не можат да си дозволат еднонеделен одмор далеку од дома, во текот на годината, што ја рангира државата меѓу земјите со највисоко ниво на економска сиромаштија во Европа. -Според податоците на Евростат, кои за Европа се однесуваат за 2025 година, околу 53 отсто од семејствата во Албанија не […]

Курти ги покани претседателите на ДПК, ДСК и Алијансата на заеднички состанок


Претседателот на Движењето Самоопределување (ПС) и вршител на должноста премиер на Косово, Албин Курти, ги покани лидерите на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Демократската партија на Косово (ДПК) и Алијансата, на состанок со цел конституирање ње на институциите на Косово. За разлика од претходните повици, според косовски медиуми, овојпат Курти побарал заедничка средба со Љумир […]

Во Грција 45 нови случаи на западнонилска треска


Во изминатата седмица во Грција биле регистрирани 45 нови случаи на вирусот Западен Нил, со што бројот на заразени од почетокот на летото се зголеми на 110. Регистрирани се и три нови смртни случаи, според податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ). Од вкупно 110 заразени, 81 пациент се со симптоми […]

Големи пожари во Албанија, претседателот Бегај апелира на солидарност и одговорност од сите


Повеќе од сериозна е состојбата со пожарите во Албанија, посебно во предградието на Тирана, потоа кај Круја и Националниот парк “Лура”,  кои се вон контрола. Пламените јазици од планинската падина се проширија кон Лундра во Тирана  приближувајќи се кон домовите и хеликоптерската база во Фарка. Поради неможноста да се интервенира од воздух, во текот на […]

Пожар од големи размери во селото Дајас во близина на Тирана


Пожар, кој избувна доцна попладнево, во селото Диа кај Тирана, се прошири на голема површина. -Пламените јазици, потпомогнати од ветерот, се шират брзо, додека чадот ја покрива целата област. Пожарникарите продолжуваат да се борат со пламените јазици, кои се со големи размери. Во опасност биле и две противпожарни возила и неколку пожарникари, кои брзо се […]

Утре зголемена опасност од пожари во голем број грчки региони


Атина – Областа Атика, поширокиот регион на Атина, Халкидики, делови од централна Грција и Пелопонез, западна Грција, регионалните единици Кавала и Еврос, островите Тасос и Евија, како и дел од островите во Јонското и Егејското Море, вклучително и Кикладите, се меѓу подрачјата во Грција за кои е активиран црвениот аларм за утре, односно се ставени […]

Добродојдовте во Музејот на глупости од поранешна Југославија


Во срцето на стара Љубљана, манекен со кофа на главата ги пречекува посетителите на новиот и амбициозен проект – музеј фокусиран на разновидниот, а понекогаш и антагонистички хумор на поранешна Југославија.  Облечена во сако од фстаци и црвени хеланки, фигурата седи на маса пред една од куќите во историскиот Стар град, зјапајќи во истурена шолја […]

Десничарска фондација од САД промовира ревизија на Дејтонскиот договор за БиХ


Истражувачите на Фондацијата Херитиџ, влијателна американска конзервативна организација поврзана со претседателот Доналд Трамп, се залагаат за создавање трет ентитет предводен од Хрватите во Босна и Херцеговина – и ја дискутираат контроверзната идеја со европските парламентарци. Босна и Херцеговина беше единствената тема на лобистичкиот состанок меѓу Пол Мекарти, од влијателниот американски десничарски тинк-тенк Фондација Херитиџ, и […]

Србија му ја запре струјата на Косово


Приштина ја повика Европската Унија да изврши притисок врз Белград за да дозволи прекуграничен пренос на електрична енергија од Србија до Косово, за да може со поевтиниот увоз да ја ублажи енергетската криза. Енергетската заедница, меѓународна организација со седиште во Виена која го надгледува усогласувањето и решавањето на споровите во енергетскиот сектор низ Западен Балкан […]

Девет дојави за поставени бомби низ институции во Софија, едната е во детска градинка


Девет дојави за бомби преку и-мејл беа примени утрово во разни институции и градинка во Софија, јави Бугарското национално радио. Во пораките пишува за закани за експлозии. Една од примените закани се однесува на Националната канцеларија за ревизија. Утрово беше примена закана за бомба во зградата на Нова Бродадинг Груп. Компанијата веднаш ја активираше стандардната […]

Силна бура ја погоди Словенија: Ветрови соборија дрвја и покриви, оштетен историски замок


Силна бура погоди неколку делови од Словенија синоќа. Најлошо беше во општина Старше, каде што пожарникарите реагираа на 17 локации поради паднати дрвја, оштетени покриви и поплавени подруми. Силна бура погоди делови од Словенија синоќа, а беше особено силна во општина Старше, каде што силните ветрови соборија дрвја и изложени покриви, додека дождот ги поплави […]

Албанија ја зголеми површината на своите јавни плажи за над 300.000 квадратни метри


 Во 2026 година, Албанија ја зголеми површината на своите јавни плажи за над 300.000 квадратни метри, што претставува раст од над 10 проценти на годишно ниво, јави АТА, повикувајќи се на изјава на албанскиот министер за туризам, култура и спорт, Бленди Гонџја.   Според него, во текот на тековната летна сезона, површината на јавните плажи […]

Рестрикции во снабдувањето со вода во БиХ


Изворите на вода во Босна и Херцеговина се загрозени од долготрајната суша, поради што во многу градови се воведени рестрикции во снабдувањето со вода, со повици за нејзино рационално трошење. Во Мостар и Лукавац има привремени плански прекини во испораката на вода, во Бања Лука испораката е ограничена за одделни приградски населби, а на Пале […]

Политичката блокада во Косово го загрозува пристапот до 166 милиони евра од ЕУ


Приштина – Европската Унија упати апел до сите политички партии во Косово итно да постигнат договор за избор на нов претседател и да соработуваат за надминување на долготрајната политичка криза, предупредувајќи дека блокадата на институциите сериозно го загрозува европскиот пат на земјата. – ЕУ постојано ги повикува сите политички актери да обезбедат институционална стабилност. Од […]

Рама му одговори на Вучиќ за најавата за промена на текот на Ибар: Реката ќе тече според географијата, а не според фолклорот


Тирана – Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на најавата на српските власти дека се разгледува промена на текот на реката Ибар, порачувајќи дека реката ќе продолжи да тече според географијата, а не според фолклорот и потсетувајќи дека токму за вакви ситуации постои меѓународното право за водите. Реакцијата на Рама следи откако претседателот на Србија, Александар […]

Хаг: Тачи останува во притвор поради ризик од влијание врз сведоци


Хаг – Судскиот совет во случајот против поранешните таканаречени лидери на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, по обвинение за воени злосторства, нареди продолжување на притворот на Тачи. Советот утврди дека сè уште постојат ризици обвинетите да го попречат текот на постапката или да извршат нови злосторства, беше објавено на веб-страницата […]

Речиси 40 илјади странци во Албанија, повеќе од половина работат


Полициската статистика покажува дека во Албанија има речиси 40 илјади регистрирани странски државјани, при што повеќе од половина од нив остануваат во земјата за да работат. Поточно, според податоците од Државната полиција до 30 јуни 2026 година се регистрирани вкупно 38.712 дозволи за престој одобрени за странски државјани. Според државјанството, најголем број дозволи поседуваат граѓаните […]

Над еден милион патници влегле во Грција преку Евзони од почетокот на летото


Над еден милион патници, односно 1.100.000 лица го поминале граничниот премин Евзони за влез во Грција, од јуни годинава до сега, додека пак во истиот период земјата ја напуштиле 940.000 посетители, покажуваат податоците што денеска ги објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. Зголемениот број возила на граничниот премин Евзони и […]

Вучиќ се закани дека ќе го смени текот на реката Ибар за да им го загорчи животот на Албанците


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека државата прави сè за да им го олесни животот на Србите во Косово и Метохија, што, како што нагласи, е ужасно тешко.   Вучиќ, за време на обиколката на работите за реконструкција и пренамена на Стариот железнички мост во Белград, одговарајќи на прашањето дали очекува последици за Србите […]

Аларм во БиХ: Сушата, застарените капацитети и недостатокот на инвестиции го загрозуваат снабдувањето со електрична енергија


Босна и Херцеговина е загрозена од ограничувања во снабдувањето со електрична енергија поради сушата, но и од повеќегодишното доцнење во енергетската транзиција и недоволните инвестиции во нови производствени капацитети, предупреди во понеделник енергетскиот експерт и поранешен премиер на Федерацијата БиХ Едхем Бичакчиќ. Бичакчиќ изјави за телевизијата Н1 дека климатските промени носат подолги сушни периоди, пожари, […]