Халкидики воведе забрана за движење поради опасност од пожар, казни од 300 евра


Денес на Халкидики стапи во сила забрана за сообраќај и пешачење во одредени шумски подрачја поради високиот ризик од шумски пожари. Мерката е во сила од 8 часот наутро до 20 часот навечер и се однесува на подрачјата на општините Касандра, Ситонија и Аристотелис, каде што индексот на ризик од пожар е во категорија 3, […]

Грчките цариници на преминот Дојран-Дојрани запленија над 1.000 боци нелегален фреон, дел од нив откриени во пратка од нашата земја


На граничните премини Дојран/ Дојрани кон нашата земја и Кипи кон Турција, при проверка на две товарни возила кои влегле во Грција, царинските службеници на грчката Независна управа за јавни приходи (ААДЕ) откриле и заплениле вкупно 1.296 боци нелегална разладна течност (фреон), а избегнатите царини и даноци се проценуваат дека надминуваат 338.000 евра, јави дописничката […]

По најмалку 10 години одлежан затвор најопасните да се сместуваат во посебна институција?


  Лицата кои отслужиле најмалку десет години затвор за кривични дела против животот, телото, личните слободи или сексуалниот интегритет, а за кои судот ќе утврди дека е многу веројатно повторно да извршат сериозно кривично дело, би можеле да бидат сместени во посебна установа по истекот на казната, се предлага со новиот Закон за третман и […]

Романци и Французи гасат голем пожар во Голем пожар во Атика – се евакуира едно место


 Голем број пожарникари, меѓу кои и силите од Романија и Франција кои се во Грција преку европскиот механизам за цивилна заштита, се ангажирани за гаснење на пожарот што околу 8 часот утрово избувна во областа Куварас во источниот дел на периферијата Атика, поширокиот регион на Атина, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена […]

Орбан виден во Гуча со двајца милијардери. Пиел сливовица


Гуча – Снимките на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан од фестивалот на труби во Гуча, каде што се појавил во друштво на двајца влијателни унгарски бизнисмени, го привлекоа вниманието на јавноста, објавува Nova.rs. Унгарскиот истражувачки новинар Саболч Пањи, кој го сподели видеото на социјалните мрежи, предупреди за неговиот престој во Србија. Придружници на Орбан беа […]

МЕНР на Албанија по изјавата на Зеленски во Белград: Нема паралела меѓу Косово и Украина


Тирана – Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија (МЕНР) во денешната реакција, околу посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белград и неговата изјава дека Украина не го променила својот став за непризнавање на независноста на Косово, нагласува  дека  „нема паралела меѓу Косово и Украина“. Додава дека „исто како што Албанија цврсто стои […]

Ема Хелена Вичар ќе ја претставува Хрватска на Мис на свет во Виетнам


На Транг – Мис на Хрватскa Ема Хелена Вичар пристигна во Виетнам, каде што ќе учествува на 73-от избор за Мис на светот. Натпреварувањето трае од 9 август до 5 септември, кога големото финале ќе се одржи во На Транг. Оваа година, околу 130 претставнички од целиот свет се натпреваруваат за титулата. Хрватската претставничка има […]

Грција гори – за десет дена регистрирани 400 пожари


Атина – Поминавме тешки десет дена, во кои преовладуваа силни ветрови и многу тешки и неповолни услови и се соочивме со над 400 пожари, истакна министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Евангелос Турнас во интервју за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Турнас се осврна на големите пожари на островот […]

Нови строги сообраќајни мерки во Aлбанија, трајно одземање возачка дозвола за управување возило под дејство на алкохол и големи парични казни


Во Албанија стапија во сила новите измени во Законот за сообраќај, со кои се заоструваат мерките против прекршителите, со цел зголемување на безбедноста на патиштата и намалување на несреќите. – Според законот, овие измени предвидуваат трајно одземање на возачките дозволи за возачите кои се фатени како возат под дејство на алкохол, односно повторно управуваат возило […]

Турција го ограничува пловењето на трговски бродови во Црното Море преку Дарданелите


Турција го ограничува пловењето на трговските бродови во Црното Море преку Дарданелите поради чести напади со беспилотни летала, објави Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. „Турција го ограничува преминот на трговски бродови кон Црното Море преку Дарданелите поради чести напади со беспилотни летала врз трговски бродови, вклучително и бродови во сопственост на турски […]

Дрон полн со експлозив влезе во Бугарија: Се урна во близина на важен гасовод


Дрон што носеше „значителна количина експлозив“ влезе во бугарскиот воздушен простор во саботата наутро и експлодираше недалеку од границата со Романија и Трансбалканскиот гасовод, а потоа се урна во поле, но немаше жртви, објави бугарскиот премиер Румен Радев. „Дронот експлодираше во непосредна близина на граничниот премин Кардам со Романија“, во близина на Црното Море на […]

(Видео) Курти гаѓан со јајца во косовското Собрание


Тензии во Собранието на Косово откако пратеничката на Алијансата за иднината на Косово, Тиме Кадријај, фрли јајца кон вршителот на должноста премиер Албин Курти. Инцидентот се случи откако Курти побара дополнително време за политички договор со партиите, посочувајќи дека сака да се избегнат нови избори. Потоа претседавачот Авни Дехари ја прекина седницата и побара интервенција […]

Вучиќ по средбата со Зеленски – мали се шансите Србија брзо да влезе во ЕУ, Украина си ја турка европската агенда


Претседателите на Србија и Украина, Александар Вучиќ и Володимир Зеленски, по денешната средба во Белград порачаа дека двете земји сакаат да ја зајакнат економската и политичката соработка. Вучиќ е скептичен околу можноста за брзо членство на Србија во Европската Унија, додека Зеленски најави напредок во преговорите за договор за слободна трговија. Посетата е исклучително значајна […]

Се судрија возови во Хрватска – машиновозачот потешко повреден (видео)


Во 10:05 часот наутро, во близина на Крижевци, се случи судир помеѓу товарен и патнички воз на Хрватски железници. Има повредени, а според првичните информации, машиновозачот на патничкиот воз е тешко повреден. Во моментот на судирот во патничкиот воз имало околу 20 патници. Полицијата и брзата помош се на местото на настанот. Линијата е затворена […]

Построги сообраќајни правила во Црна Гора: Забрана за ноќно возење до 21 година и казни до 400 евра за тротинети


Во Црна Гора денеска стапија во сила измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, со кои се воведуваат построги правила за младите возачи и корисниците на електрични тротинети, повисоки казни и проширени овластувања на полицијата и општинските служби, јави агенцијата МИНА. Една од најзначајните измени се однесува на возачите на возраст од 18 […]

Црна Гора ангажира авиони и хеликоптери во борбата со пожарите


Активни пожари има на подрачјето на четири општини во Црна Гора – Бар, Колашин, Цетиње и Гусиње, соопшти Оперативно-комуникацискиот центар (ОКЦ) при црногорското Министерство за внатрешни работи. Претставничката на ОКЦ, Маријана Марковиќ, изјави дека според последните информации од осум часот утринава активни жаришта има на четири локации. Таа додаде дека службите за заштита и спасување […]

Отворена за сообраќај уште една делница од патот Елбасан-Ќафасан


Албанскиот премиер Еди Рама објави дека е пуштена за сообраќај уште една делница од автопатот Елбасан- Граничен премин Ќафасан, на албанско – македонската граница,  кај Струга и дека работите продолжуваат со брзо темпо. Станува збор за делницата помеѓу селата Лабинот-Фуш до крајот на селото Мирак, и е втора делница која може да се користи, по […]

Седум земји од ЕУ ја критикуваат Словенија за блокирање на назначувањето на Тања Фајон


Седум земји-членки на Европската унија (ЕУ), вклучувајќи ги Франција и Шпанија, ја критикуваа Словенија за нејзината одлука да го блокира назначувањето на поранешната министерка за надворешни работи Тања Фајон за претставник на ЕУ за регионот Сахел во Африка, објавува Euractiv, повикувајќи се на извори. Според извештаите, Тања Фајон, социјалдемократка, минатиот месец била спречена да биде […]

Десетици нацистички бродови испливуваат на површина во близина на Прахово: Хитлер самиот ги потопил


Во близина на Прахово во источна Србија, на границата со Романија, поради ниското ниво на водата на Дунав, од реката испливуваат остатоци од германски воени бродови од Втората светска војна, кои нивната армија намерно ги потопила. Остатоци од бродови што со децении лежеле на дното на реката, сега повторно се појавуваат Ова се бродови што […]

Во Албанија за 24 часа се регистрирани 30 пожари, осум се уште се активни


Во текот на последните 24 часа, во Албанија регистрани се  30 пожари, од кои осум се сè уште активни, објави Министерството за одбрана. „Во гаснењето на пожарите се ангажирани 54 противпожарни возила и 502 оперативни сили, во координација со Националната агенција за цивилна заштита, префектурите, единиците на локалната самоуправа и вооружените сили. Во поддршка на […]