Јужно од Крит спасени 241 мигрант


Припадниците на грчката Крајбрежна стража и Фронтекс спасија 241 мигрант кои се наоѓале во чамци јужно од Крит во рамките на четири различни операции, соопшти денеска Крајбрежната стража.

Се истакнува дека спасените мигранти се префрлени во пристаниште на јужниот брег на Крит.

Во соопштението се наведува дека пристанишните власти се во зголемена оперативна подготвеност откако е забележан континуиран притисок од мигранти врз јужните поморски граници на Грција.