Не е шега: Украинецот осомничен дека го разнел Северен тек бил уапсен во Пула на снимање филм за саботажата


Вчерашното апсење во Пула на украинскиот нуркач Володимир Журављов, кого германското судство го сомничи за разнесување на гасоводот Северниот тек во 2022 година, се случи под надреални околности. Според германскиот правен портал Legal Tribune Online (LTO), осомничениот Украинец е уапсен во Хрватска додека снимал холивудски филм што се занимава со саботажата на Северниот тек. Според […]

Хрватска најавува построги казни за екоцид: Доживотен затвор и 50 милиони евра за компаниите


Воведување ново кривично дело екоцид, за кое казните би можеле да се движат од најмалку 10 години затвор до доживотен затвор, најави денеска министерот за правда, администрација и дигитална трансформација Дамир Хабијан кој зборуваше во Парламентот за измените на Кривичниот законик поврзани со кривичните дела против животната средина.  Се воведува ново кривично дело екоцид Хабијан […]

Поранешен таен агент на ЦИА од Косово уапсен во САД и му се заканува депортација


Американската администрација на претседателот Доналд Трамп се обидува да го депортира Блерим Скоро, 55-годишен жител на САД, роден во Косово и татко на три деца, кој тврди дека работел во тајност за американските разузнавачки служби и дека по нападите од 11 септември се инфилтрирал во Ал Каеда, објави Си-Би-Ес њуз. Службата за имиграција и царина […]

Во Грција досега регистрирани 157 случаи на вирусот Западен Нил, починаа 13 лица


За една седмица во Грција биле регистрирани 47 нови случаи на вирусот Западен Нил и починале четири лица, покажуваат податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од почетокот на оваа сезона, заклучно со вчера претпладне во земјата се дијагностицирани и пријавени вкупно 157 домашни случаи […]

Десетици пожари беснеат во Србија, едно лице загина, ветерот го отежнува гаснењето


Белград – Пожарникарите во Србија се борат со десетици пожари што беснеат веќе неколку дена, во кои едно лице загина, а повеќе се повредени. Дополнително, метеоролозите најавуваат од денеска нов топлотен бран проследен со ветер. Ветерот значително им ја отежнува работата на пожарникарите и локалните служби на најкритичните точки во специјалниот природен резерват Делиблатско Песочиште, а […]

Кипар внимателно ги следи случувањата, Грција размислува за прераспоредување на „Патриот“ на Крит


Атина – Република Кипар сите овие месеци превентивно презема зголемени мерки, рекол за кипарската новинска агенција ЦНА надлежен извор, коментирајќи го текстот на „Фајненшл тајмс“, според кој Кипар е меѓу можните цели на Иран во случај на нов американски напад, јави дописничката на МИА од Атина. Истиот кипарски извор за ЦНА додал дека внимателно ги […]

Нуклеарната централа Кршко повторно работи со полн капацитет


Нуклеарната централа Кршко е повторно со полн капацитет од вторник вечерта по подобрувањето на временските и хидролошките услови и падот на температурата на реката Сава, но за да продолжи да ги почитува еколошките ограничувања, таа продолжува да го користи целиот систем на ладилни кули, објави раководството на електраната. На 6 август, Кршко ја намали моќноста […]

Бугарија ја зголеми заштитата на воената база поради можни ирански напади


Софија – Бугарија ги засили безбедносните мерки во воздухопловната база Безмер по извештаите дека Иран разгледува можни напади врз американски воени цели во Југоисточна Европа, вклучително и оние во Бугарија. Бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев изјави дека се преземени „сите можни мерки“ за заштита на базата во координација со Министерството за одбрана. Тој […]

Alpac Capital менува директори и во БиХ и во Словенија


Новите сопственици на концернот во чиј состав работи регионалната телевизиска станица Н1 продолжија да вршат промени во раководството, а денес го разрешија и директорот на филијалата во Босна и Херцеговина, Амир Зукиќ, што тој го потврди за Хина. „Вистина е дека од денес не сум директор на Adria News d.o.o. и Adria News BH Production, […]

Украинец уапсен во Пула заради експлозијата на Северен тек


Украинец е уапсен денес во Хрватска под сомнение за поврзаност со подводните експлозии што ги оштетија гасоводите „Северен тек“ меѓу Русија и Германија во 2022 година, објави германското федерално обвинителство, како што објави Асошиејтед Прес. Украинецот Владимир З., чие целосно име не е објавено во согласност со германските закони за приватност, е уапсен од хрватската […]

Бродови поврзани со грчката компанија „Дајнагас“ испорачале руски ТНГ во вредност од 2,35 милијарди евра во ЕУ


Грчката бродска компанија „Дајнагас“ (Dynagas) испорачала руски течен природен гас (ТНГ) во вредност од 2,35 милијарди евра  до клиенти од ЕУ во првите седум месеци од 2026 година, објави невладината организација за следење на санкциите „Ургевалд“ (Urgewald). Анализата доаѓа неколку недели откако лидерите на ЕУ се согласија да и дадат на „Дајнагас“ ослободување од санкциите, […]

Контрола на банкарските сметки не дозволуваат 18 членови на Владата на Црна Гора


 Дури 18 членови на црногорската влада, вклучувајќи го и премиерот Милојко Спајиќ, не дале согласност Агенцијата за борба против корупцијата (АСК) за контрола на нивните банкарски сметки, пишува подгорички „Дан“. Иако давањето таква согласност не е законска обврска, туку опција што им е оставена на јавните функционери, прашањето за пристап до банкарските сметки повторно ја […]

Одложена испораката на американски ловци на Софија 


Доставата на втората серија од осум американски ловци Ф-16 Блок 70 во Бугарија повторно е одложена и сега се очекува во вториот квартал од 2030 година. Ова е доцнење од речиси две и пол години во споредба со првичниот рок од 2027 година. Локид Мартин објави дека имало тешкотии во производството во фабриката во Гринвил. […]

Во Хрватска има 155.000 странски работници, најмногу од БиХ, Србија и Филипините


Од јануари до крајот на јули во Хрватска се издадени околу 106.000 дозволи за престој и работа на странски државјани, што е за 7,5 проценти помалку во споредба со истиот период лани.  Во исто време, бројот на дозволи за нови вработувања е речиси преполовен, додека бројот на продолжувања на постојните и сезонските дозволи е зголемен. […]

„Intelligence Online“ : Подготовките за формирање на бектешката држава во Албанија се интензивираат, ќе има посебна валута и пасош


Подготовките за создавање на суверена држава на Бектeшкиот ред во Тирана влегуваат во нова фаза, при што лидерите на заедницата работат на идните институционални структури и неговото претставување надвор од Албанија, пишува француски „Интелиџенс онлајн“ во статија објавена денеска. -Според француските медиуми специјализирани за разузнавачки прашања и мрежи на влијание, помалку од две години откако […]

Словенија ќе набави 3.000 ракети земја-воздух


Словенечкото Министерство за одбрана објави јавен тендер за набавка на 3.000 ракети воздух-земја што ќе ги користат воздухопловните сили на словенечката армија. Првите 1.500 парчиња треба да бидат испорачани во 2028 година, а преостанатите 1.500 една година подоцна. Станува збор за ракети со дострел од околу 3.000 метри, наменети за директна огнева поддршка на копнените […]

Во Албанија отпишани 410 милиони евра заостанати долгови на 204.413 даночни обврзници


До 31 јули годинава над 204 илјади даночни обврзници имаа корист од процесот на бришење на даночните обврски, со вкупна вредност од 410 милиони евра. Според Генералниот директорат за даноци, процесот продолжува автоматски за  даночните обврзници, во согласност со одредбите од Законот „За отпишување и гаснење на даночни обврски кон централната и локалната даночна администрација […]

Од плажа на Халкидики отстранети околу 100 нелегално поставени лежалки и чадори


Атина – Околу 100 чадори и лежалки, нелегално поставени, фиксирани и заклучени на плажата Геракини помеѓу првиот и вториот крак на Халкидики, утрово во акција на општина Полигирос биле отстранети и пренесени во погон за рециклирање, јави дописничката на МИА од Атина. Од општината информираа дека лежалките и чадорите зафаќале делови од плажата и го […]

Alpac Capital стана сопственик на медиуми и во Хрватска


UNITED Group објави дека е завршен процесот на продажба на Adria News d.o.o. Загреб, во рамките на која работи N1 Hrvatska, на инвестициската компанија Alpac Capital. Ова доведе до промена на сопственичката и управувачката структура на компанијата, а започна и процесот на назначување нови директори. „Промената на сопственоста не влијае на уредувачката политика и секојдневната […]

Европската Унија останува главен трговски партнер на Албанија


Европската Унија (ЕУ) останува главен трговски партнер на Албанија, со учество од 53,6 проценти од вкупната трговија на земјата во јули, соопшти албанскиот  институт за статистика (ИНСТАТ). Податоците, исто така, покажуваат дека 68,4 проценти од албанскиот извоз во јули бил наменет за земјите од ЕУ. Во исто време, увозот од земјите од ЕУ учествувал со […]