Три лица во Хрватска заразени со вирусот Западен Нил


Три лица во Хрватска се разболеле откако се заразиле со вирусот Западен Нил во текот на јули и август, потврди Хрватскиот институт за јавно здравје (HZJZ) за RTL Danas. Пациентите доаѓаат од источна, централна и северозападна Хрватска. HZJZ експлицитно наведува дека болеста не се пренесува преку контакт од човек на човек. Тие исто така објавија […]

На грчкиот остров Закинтос уапсена жена за убиство на мачка и казнета со 30.000 евра


Шеесет и тригодишна жена е уапсена откако на Закинтос убила мачка, а за стореното дело ѝ е изречена казна од 30.000 евра, соопшти денеска локалната полиција. Жената, жителка на Ромири била пријавена од страна на сопственикот на мачката, пренесе грчкиот портал „Катимерини“. Според информациите на Здружението за благосостојба на животните на Закинтос (ЗОМЗ) станува збор […]

Во Атина ноќната температура е 33 степени


Топлотниот бран што ја зафати Грција донесе високи ноќни температури во областа Атика, поширокиот регион на Атина, што во одредени делови, синоќа, кусо пред полноќ достигнаа и до 32-33 степени – јави дописничката на МИА од Атина. Според податоците од метеоролошката служба „Метео“ на Националната опсерваторија во Атина, високите ноќни температури во комбинација со високата […]

(Видео) Наезда на медузи “јајце на око“ кај Пула – безопасни се, не вадете ги од вода!


Во водите кај Истра, Хрватска, забележана е зголемена појава на големи, жолто-кафеави медузи познати како „јајце на око“. Во последните денови, тие се особено бројни во областа околу Пула, каде што Природно-научниот факултет пријави густина од приближно две возрасни единки на квадратен метар. Снимки и извештаи за поголеми групи доаѓаат и од областите Ровињ и […]

Вучиќ: Ние сме суперсила во гаснењето пожари, имаме подобри хеликоптери од европските


Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека Србија, со оглед на нејзината големина, е „европска суперсила“ во однос на опремата за гаснење пожари. Тој ова го изјави за време на посетата на Делиблатското Песочиште, каде што пожарникарите со денови се борат со голем пожар, пренесува N1 Србија. „Нашите хеликоптери се подобри од европските“ Вучиќ тврдеше […]

Земјотрес во Далмација: „О, боже, какво тресење“


Земјотрес со магнитуда од 3,1 степени е регистриран во 12:24 часот во подрачјето на Сплит во Хрватска. Според EMSC, епицентарот бил 33 километри северозападно од Сплит, на длабочина од 10 километри. Бројни жители кои ги почувствувале потресите сведочат: „О, боже, какво тресење. Краток, но силен“, е коментарот од Врлика. „Се тресеше силно“, некој од Неориќ. […]

Српски „Телеграф“:„Платен убиец“ од Македонија уапсен во Србија, се истражува кој требало да биде мета


Српската полиција уапсила државјанин на Македонија на територијата на Прибој, под сомнение дека влегол во Србија како ангажиран извршител на нарачано убиство, објави „Телеграф.рс“, повикувајќи се на информации од истрагата. Засега не е познато кој требало да биде цел на планираната ликвидација. Според медиумот, осомничениот во полициските евиденции наводно се водел како платен убиец кој […]

Германски државјани загинаа во авионска несреќа на Велебит


Двајца германски државјани загинаа во авионска несреќа во областа Велебит во Хрватска, соопшти Агенцијата за истражување на несреќи во воздушниот, морскиот и железничкиот транспорт. Несреќата се случила вчера околу 16:14 часот, кога се урна авион од типот „Дајмонд ХК-36ТЦ-100 Супер Димона“, со германска регистрација D-KWZE. Авионот полетал од аеродромот Оломоуц во Чешка и бил на […]

Србија се бори со пожари. ЕУ испрати четири Black Hawk


Србија ја прифати помошта од Европската Унија во борбата против пожарот во Делиблатска пешчара, а хеликоптери од Романија, Словачка и Чешка пристигнуваат во зоната на интервенција. Комесарот на Европската Унија за подготвеност, управување со кризи и еднаквост, Хаџа Лахибиб, објави дека ЕУ испраќа четири хеликоптери и два противпожарни тима во Србија. „Четири хеликоптери од нашата […]

Две лица загинаа во пад на мал авион на Велебит во Хрватска


Загреб – Две лица загинаа при пад на ултралесен авион кој исчезна од радарот над Велебит во Хрватска вчера попладне. Остатоците од авионот и телата на жртвите беа пронајдени синоќа околу 22 часот во тешко пристапна област на Националниот парк Пакленица. Околу 35 припадници на Хрватската планинска спасувачка (ХСС) служба учествуваа во големата операција за […]

Следните седмици во Грција се очекува зголемување на случаите на вирусот Западен Нил


Бројот на случаи на вирусот Западен Нил значително ги надмина бројките од претходните години за истиот период, а со оглед на тоа што кулминацијата најчесто е од средината на август до почетокот на септември, во следните седмици се очекува дополнително зголемување на бројот на случаи, информираа од Национална организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), […]

Просечната нето плата во Хрватска за јуни изнесуваше 1.555 евра


Просечната месечна нето плата исплатена по вработен кај правни лица во Хрватска за јуни 2026 година изнесуваше 1.555 евра и номинално беше за 7,7 проценти повисока во споредба со истиот месец минатата година, а во реалност, земајќи ја предвид инфлацијата, за 3,1 процент, објави Централниот завод за статистика (CBS). Во споредба со мај оваа година, […]

На Балканот веќе има „центри за враќање“ за мигранти, опасноста е тоа да стане услов за ЕУ


Додека ЕУ чека конечно одобрување за плановите за поставување „центри за враќање“ во трети земји за мигранти кои чекаат депортација, се предвидува дека балканските земји би можеле да бидат домаќини на вакви центри за задржување и покрај загриженоста за кршење на човековите права. „Ерата на депортации започна“, изјави Чарли Вајмерс, екстремно десничарски шведски европратеник, за […]

Како грчките земјоделци ги молзеле средствата од ЕУ од имагинарни крави


Грчките земјоделци побарале субвенции од ЕУ за десетици илјади повеќе животни на фарми во 2024 година отколку што можат да објаснат официјалните записи на земјата, според анализата на Политико на владините податоци. Ова откритие се заканува да го прошири веќе постојниот  скандал со грчките земјоделски субвенции. Анализата открива несовпаѓања помеѓу намалувањето на националното стадо говеда, […]

И Бугарија наплаќа сообраќајни казни од странски возачи: прекршоците се евидентираат и се плаќаат на граница


Македонија не е единствената земја во регионот каде што странските возачи можат да се соочат со наплата на сообраќајни казни. И Бугарија има систем за електронско евидентирање на сообраќајните прекршоци, а Министерството за внатрешни работи овозможува странските возачи да ги подмират своите обврски и при излез од земјата. Бугарските власти користат електронски фишови и други […]

Со предвременото отплаќање на долгот ќе плаќаме помалку камати, вели министерот за национална економија и финансии на Грција


Зошто го отплаќаме долгот предвреме? За да плаќаме помалку камати и да создадеме поголем фискален простор за граѓаните и за раст. А, пред сè, за да не ѝ ја пратиме сметката на следната генерација, објави на Икс министерот за национална економија и финансии на Грција Кирјакос Пиеракакис, во однос на одлуката на Владата предвремено да […]

Хрватската Влада забранува исклучување на струја за ранливите потрошувачи


Загреб –   Хрватската Влада достави во собраниска процедура предлог за измени на Законот за пазар на електрична енергија, со кој ќе се воведе забрана за исклучување на електричната енергија на ранливите потрошувачи и потрошувачи погодени од енергетска сиромаштија. „Со законот, дополнително ја зајакнуваме заштитата на потрошувачите на електрична енергија преку поголем избор на модели на […]

Нуклеарната централа Козлодуј во Бугарија го намалува производството поради ниското ниво на Дунав


 Бугарската нуклеарна централа „Козлодуј“ е принудена да го намали производството бидејќи реката Дунав се повлекува поради суша, соопшти денеска бугарското Министерство за енергетика. Се наведува дека производството на Блок 5 од „Козлодуј“ ќе биде намалено од утре за околу 120 мегавати. Блокот 5 има капацитет да генерира нешто повеќе од 1.000 мегавати. Одлуката е дел […]

Во Србија горат повеќе од 3.500 хектари, руски „Иљушин“ се вклучи во гаснењето


Белград – Руски противпожарен авион Иљушин Ил-76 денеска се вклучи во гаснење голем пожар во природниот резерват Делиблатско песочиште во Србија, каде што досега изгореа повеќе од 3.500 хектари шума и вегетација. Иљушин слета во Ниш синоќа, а денеска се вкчучи во гаснењето во координација со хеликоптерската единица на српското МВР. Може да исфрли до […]

Прв случај на вирусот Западен Нил на Кипар


Никозија – Во Република Кипар потврден е прв случај на вирусот Западен Нил за оваа година, а според инфектологот Аристос Аристодиму, пациентот е 70-годишен маж, кој е во тешка состојба и се лекува во Одделот за интензивна нега во општата болница во Никозија, објави кипарската новинска агенција ЦНА, јави дописничката на МИА од Атина. Аристодиму, […]