Спајиќ: Функционери од регионот работат на дестабилизација на Црна Гора додека таа го забрзува патот кон ЕУ


Подгорица –   Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ изјави дека властите имаат безбедносни информации според кои функционери од најмалку две земји во регионот учествуваат во координирани активности насочени кон дестабилизација на Црна Гора, додека земјата ги забрзува преговорите за членство во Европската Унија. Спајиќ не ги именуваше земјите или функционерите за кои тврди дека биле вклучени, […]

Грција ќе распореди база за дронови на Родос- Турција вознемирена


Турските власти се загрижени поради извештаите дека Грција планира трајно да распореди база за беспилотни летала на островот Родос во Егејското Море, објави денес турскиот весник „Хуриет“. „Меѓународните договори го предвидуваат демилитаризираниот статус на островот Родос. Сите обиди за кршење на овој статус не се во согласност со обврските на Грција според меѓународното право“, весникот […]

Вучиќ пред седум дена испратил писмо во Хаг со барање Младиќ да биде пуштен да почине во Србија


Пред една недела, српскиот претседател Александар Вучиќ испрати писмо до администрацијата на Хашкиот трибунал со барање за ослободување на Ратко Младиќ, за тој да може да ги помине последните денови во Србија. Вучиќ го упати ова пишано барање откако го добил неговиот лекарски извештај. Според Вучиќ, пуштањето на Младиќ на лекување во Србија е прашање […]

Пленковиќ: Хрватска е меѓу четирите земји членки на ЕУ со непрекинат раст на БДП од 2021 година


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека Хрватска е една од четирите земји членки на Европската Унија која во изминатите 5,5 години има непрекинат тренд на економски раст. Ова е 22. квартал по ред на раст на бруто-домашниот производ и покрај глобалните околности, кои значително се променија, вклучувајќи ги руската агресија врз Украина и војната […]

Ратко Младиќ останува во затвор


Хаг – Претседателката на Механизмот за меѓународни кривични трибунали, Грасиела Гати Сантана, го отфрли барањето на одбраната на поранешниот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, за негово предвремено ослободување од хуманитарни причини, објави Радио Слободна Европа. Одбраната на Младиќ на 18 август побара тој да биде ослободен и префрлен во болница или установа за палијативна […]

Бугарската општина Елин Пелин со 10.000 евра еднократна помош го поттикнува наталитетот


Бугарската општина Елин Пелин на семејствата кои ќе добијат трето дете ќе им доделува 10.000 евра еднократна помош. Општината за прво дете доделува еднократна помош во висина од 1.000 евра, за второ – 1.500 евра, додека за трето и секое наредно еднократната помош ќе изнесува по 10.000 евра. Тоа е највисока сума во Бугарија. Помошта […]

Германскиот амбасадор Гранас ги критикува лидерите во БиХ: Не прават реформи, па европските пари им заминуваат во Црна Гора, Албанија и Македонија


Германскиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Алфред Гранас, изјави дека постои сомнеж оти политичарите во БиХ искрено не го сакаат европскиот пат на земјата, оценувајќи дека нивните секојдневни постапки не се во согласност со изјавите. Тој предупреди дека поради неспроведувањето на реформите и пропуштањето на европските средства, локалните политичари директно им штетат на сопствените граѓани. […]

Западнонилска треска во Грција: Пријавени 232 случаи – 19 починати


Од почетокот на оваа вирусна сезона заклучно со вчера претпладне во Грција се дијагностицирани и пријавени вкупно 232 случаи на зараза со вирусот Западен Нил, а регистрирани се 19 смртни случаи, според неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Во изминатата седмица биле потврдени 75 нови случаи, […]

Голем пожар во Саранда, во опасност станбени објекти и познат манастир


Голем пожар од попладнево беснее во албанскиот приморски град Саранда, во област, во близина на хотелот „Туризам“, кој го зафати зелениот појас над градот, поточно во областа засадена со борови дрвја во близина на познатиот манастир „40 маченици“. Според извештаите, пламенот и чадот предизвикале тревога во областа, како и меѓу туристите, додека сè уште нема […]

Прв случај на западнонилска треска регистриран во Бугарија


Прв случај на западнонилска треска оваа година е регистриран денеска во Бугарија, објави Националниот центар за борба со заразни болести. Првиот случај на инфекција со вирусот Западен Нил оваа сезона е регистриран кај пациент од Пловдив на возраст од 63 години, кој развил невролошки компликации по летниот одмор на Црното Море. Според здравствените власти, инфекцијата […]

Речиси половина од издадените Златни визи во Грција се на кинески државјани


Речиси половина од важечките дозволи за престој за инвеститори во Грција, односно т.н Златна виза (Golden visa) се издадени на државјани на Кина, втори со значајно помал број се Турците, додека пак на последното место меѓу десетте земји се српските државјани, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Министерството за миграција и […]

Ова го нема ни во Кан: Жан-Клод ван Дам го отвори Меѓународниот филмски фестивал во Ниш


Ниш – Со проекција на филмот „Чуварот на иконата на Свети Ѓорѓи“, во присуство на белгискиот актер со холивудска кариера, познат по акционите филмови, Жан-Клод ван Дам, на летната сцена на нишката тврдина, синоќа, свечено беше отворен Меѓународниот филмски фестивал. Актерот на отворањето им се заблагодари на претседателот Александар Вучиќ, и на организаторите за поканата. […]

Пожар од големи размери се шири кај Валона


Пожарот во Шашица, на околу осум километри од албанскиот приморски град, Валона, продолжува да се шири на големи површини. – Поради пожарот што се наоѓа на одредена оддалеченост од каменолом, четворица работници  останале на работните место за да ги заштитат алатките и опремата. Но, заради зголемената опасност, од работниците е побарано да ја напуштат областа, […]

За седум месеци во Албанија престојувале над 7 милиони странски туристи


Албанија бележи зголемување на бројот на посетители, кој за седум месеци забележал раст од 6,5 отсто, споредено со истиот период минатата година. Според податоците на државниот Институт за статистика (ИНСТАТ)  во периодот  јануари – јули, во Албанија влегле 7.014.168 странски државјани, или 6,5% повеќе отколку во истиот период минатата година. Најголем број странски посетители влегле […]

Кос: Светот се промени, мора и процесот на проширување


Загреб – Европската комесарка за проширување Марта Кос денеска го претстави предлогот на Европската комисија за реформа на проширувањето на ЕУ и изнесе планирани чекори за постепена интеграција, построга проверка на кандидатите и нова методологија, нагласувајќи дека светот се променил, а со тоа мора да се промени и самиот процес на проширување. Таа на Конференцијата […]

Нови акции на Халкидики за отстранување на нелегално поставени чадори и лежалки на плажите


Атина – Во три различни акции на три плажи, односно во Пефкохори и Флегра на првиот крак на Халкидики, како и во Каливес, меѓу првиот и вториот крак,  вчера и денеска беа спроведени нови акции за отстранување на нелегално поставените чадори, лежалки и друга опрема за плажа, со цел „плажите да останат слободни и достапни […]

Србија планира да се приклучи кон Шенген до крајот на 2027 година, но нема да воведува визи за Руси


Белград – Србија планира да се приклучи кон Шенгенскиот простор до крајот на 2027 година, но во моментов не размислува за воведување визи за руските граѓани – изјави за српската редакција на Радио Слободна Европа, Велко Одаловиќ, раководител на новоформираното Координативно тело за влез на Србија во Шенген. За една земја да стане дел од […]

Црна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со ЕУ


Црна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со Европската Унија, изјави министерката за европски прашања на Црна Гора Мајда Горчевиќ. Според неа, усвојувањето на уставните измени покажало високо ниво на одговорност кај сите политички фактори во земјата, а членството на Црна Гора во ЕУ е целосно остварливо. На вонредна […]

Прв потврден случај на западнонилска треска во Албанија


Во Албанија потврден е првиот случај на западнонилска треска, која е дијагностицирана кај 72-годишен маж од Корча, кој моментно е во карантин во Регионалната болница во Корча и прима соодветен третман. -Заразеното лице е жител на градот Корча.  Кога добил убод од комарец бил  во градината, каде што го поминувал поголемиот дел од времето. Отишол […]

Седум од десет мали и средни бизниси во Атина со полош промет од лани за време на летните попусти


 Над седум од десет мали и средни бизниси во Атина, односно 71,3 отсто велат дека годинава, за време на летните попусти имале полош промет од лани, а 98 отсто од анкетираните бараат промена на институционалната рамка за попустите и враќање на построги правила, покажуваат резултатите од истражувањето на Асоцијацијата на трговци на Атина (ЕСА), јави […]