Бугарија одби да учествува во новата помош на ЕУ за Украина
Бугарија нема да учествува во новата финансиска помош на ЕУ за Украина, најави премиерот Румен Радев.
На неодамнешниот европски самит, украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од ЕУ дополнителни 70 милијарди евра за одбрана од руската инвазија следната година.
„Како изгледа во однос на сè што се случува во Европа? Бугарија никако не може да учествува во тие 70 милијарди“, изјави Радев за новинарите во малиот град Твардица, пренесе агенцијата БТА.
Радев потсети дека ЕУ лани и додели на Украина 90 милијарди евра за покривање на трошоците во 2026 и 2027 година. Три членки на Унијата – Унгарија, Чешка и Словачка преговараа да не учествуваат во заемот, но Бугарија го направи тоа.
Радев повика на што поскоро прекин на војната во Украина, велејќи дека тоа ги исцрпува европските економии и предизвикува социјална тензија и политичка нестабилност.
„Резултатот нема да се постигне со воени средства“, рече бугарскиот премиер, кој беше претседател на земјата од 2017 година до неговата оставка во јануари 2026 година.