Рама за протестите обвини странски сили
По насилните антивладини протести во Албанија, премиерот Еди Рама денеска ги повика граѓаните на мир и обвини странски сили за инцидентите.
Протестите немаат „апсолутно никаква врска“ со тешките услови за живот во Албанија или легитимна желба за подобрување на тие услови, рече Рама. Тој додаде дека „раце од странство“ поттикнуваат немири со цел да се спречи влезот на Албанија во ЕУ.
„Сето тоа е дело на истата рака, раката што ја зграпчи албанската опозиција за грлото и што ја гореше и уништи Албанија повеќе од еднаш“, рече Рама во видео објавено на Фејсбук, без да даде детали. Тој додаде дека ова се „странски раце што не сакаат Албанија да живее во мир“.
Ден претходно, тој ја обвини албанската опозиција за протестите што ескалираа во насилства.