Ова е човекот кој стои зад неверојатните настани во Сирија. Сега даде интервју и ја објави својата цел


Сириската бунтовничка коалиција постигна неверојатен успех за помалку од 10 дена. За краток период тие го освоија најголемиот сириски град Алепо, додека вчера Хама, четвртиот по големина град во земјата и клучен на патот кон Дамаск, главниот град на земјата и седиштето на сирискиот диктатор Башар ал- Асад, падна во нивни раце. Како што рече …

Ова е човекот кој стои зад неверојатните настани во Сирија. Сега даде интервју и ја објави својата цел Read More »

МОН предложи проблематичниот ученик да се врати на настава со скратено време, Советот на родители не прифати


Проблематичниот третоодделенец да се врати на настава во „Лазо Ангеловски“, но со скратено време на престој, од половина час, час, а понатаму, кога ќе се интегрира во училиштето, да посетува настава. За родителите веќе е изречена мерка за зголемен родителски надзор од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Исто така, наложено е за детето …

МОН предложи проблематичниот ученик да се врати на настава со скратено време, Советот на родители не прифати Read More »

Марта Кос: Ќе направам сѐ билатералните прашања да не останат трајна пречка за ЕУ


  Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос на конференцијата организирана од „Пријатели на Европа“ во Брисел порача дека ќе направи сѐ што може билатералните прашања  да не станат трајна пречка на патот кон ЕУ за земјите од Западен Балкан.  „Живееме во историски момент. За првпат има реалистична перспектива  да доведеме до завршната линија една или …

Марта Кос: Ќе направам сѐ билатералните прашања да не останат трајна пречка за ЕУ Read More »

Зошто предлогот на Фискалниот совет за одење во пензија предизвика гнев?


  Фискалниот совет со предлогот за зголемување на старосната граница за одење во пензија од сегашните 64 години на 67 и тоа почнувајќи од 2026 година, како и за покачување на стапката за пензискиот придонес за 0,7 процентни поени, а ако треба и уште повеќе, предизвика жестоки реакции кај граѓаните, синдикатите, бизнисмените и кај дел …

Зошто предлогот на Фискалниот совет за одење во пензија предизвика гнев? Read More »

Француското собрание ја собори владата на Мишел Барние


  Она што се очекуваше и се случи. Владата на премиерот Мишел Барние вечерва беше соборена во француското собрание при гласањето за недоверба. Франција влегува нова фаза на голема политичка нестабилност по изборите во јули, а претседателот Емануел Макрон нема добри алатки да ја изнесе земјата од кризата. Малцинската влада на Барние го загуби гласањето …

Француското собрание ја собори владата на Мишел Барние Read More »

Проблематичниот третоодделенец утрово се појави на часови во „Лазо Ангеловски“ соучениците си заминуваат


Соучениците на проблематичниот, насилен ученик во трето одделени од ООУ „Лазо Ангеловски“ денеска ја напуштаат наставата, откако родителите го донеле ученикот на часови. За вечерва, свикан е состанок на Советот на родители во „Лазо Ангеловски“, на кој треба да се одлучи за бојкот на наставата од сите одделенија, што би почнал од утре, доколку ученикот …

Проблематичниот третоодделенец утрово се појави на часови во „Лазо Ангеловски“ соучениците си заминуваат Read More »

Ден на голема конфузија во Јужна Кореја, претседателот ќе го повлече указот за воена состојба


  СЕУЛ – Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол најави дека ќе преземе чекор за укинување на воената состојба што ја воведе пред само неколку часа. Ова доаѓа откако пратениците едногласно гласаа за укинување на указот на претседателот за воена состојба, со присутни 190 од 300 членови. Сопствената политичка партија на претседателот Јун Сук Јеол го …

Ден на голема конфузија во Јужна Кореја, претседателот ќе го повлече указот за воена состојба Read More »

Побрзо на гробишта отколку пензија


  Многу добар план смислиле од Фискалниот совет за спасување на Пензискиот фонд на Македонија. Таа црна дупка во Фондот ќе се спаси така што од 2026 година мажите и жените ќе се пензионираат на 67 години. Многу умно решение пронашле експертите. Таков бил трендот во светот. Значи, според просекот на животот во Македонија тие …

Побрзо на гробишта отколку пензија Read More »

„Европскиот фронт“ поднесе интерпелации за тројца министри


  Дури за тројца министри и еден заменик-министер пратеничката група на „Европскиот фронт“ поднесе денеска барања за интерпелација во Собранието. Заедно со тоа опозициската коалиција поднесе барање и на наредната седница на парламентот на дневен ред да биде ставена информација безбедносната состојба во земјата. Интерпелации се поднесени за вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ и …

„Европскиот фронт“ поднесе интерпелации за тројца министри Read More »

Јужна Кореја прогласи итна воена состојба


  Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол во вторникот прогласи „воена состојба вонредна состојба“, обвинувајќи ја опозицијата во земјата дека го контролира парламентот, сочувствува со Северна Кореја и ја парализира владата со антидржавни активности. Јун го објави ова за време на телевизиско обрќање, ветувајќи дека „ќе ги искорени просевернокорејските сили и ќе го заштити уставниот демократски …

Јужна Кореја прогласи итна воена состојба Read More »

Дамева поднесе оставка како претседателка на Судскиот совет по притисокот на Мицкоски


  Под притисок на власта, на претседателот на Владата и владејачката гарнитура, кои од собраниска говорница, преку партиски соопштенија изнесуваа обвинувања кон претседателката на Судскиот совет и судиите, Весна Дамева во јавно обраќање поднесе оставка на функцијата. На оваа одлука се одлучила за да го заштити својот углед, но и своите најблиски од фамилијата. „Да …

Дамева поднесе оставка како претседателка на Судскиот совет по притисокот на Мицкоски Read More »

Фискалниот совет предлага одење во пензија на 67 години и зголемување на придонесот за пензиско


  Фискалниот совет во Мислењето во врска со Фискалната стратегија за периодот 2025 -2029 година, предлага зголемување на старосната граница за пензионирање од сегашните 64 години на 67 години и тоа почнувајќи од 2026 година, како една од мерките која ќе придонесе стабилизирање на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Исто така, се предлага и …

Фискалниот совет предлага одење во пензија на 67 години и зголемување на придонесот за пензиско Read More »

Социјалдемократите ги запреа крајните десничари на изборите во Романија


  Романската владејачка Социјалдемократска партија (ПСД) е на пат да освои најмногу гласови на парламентарните избори во недела, спречувајќи го силниот бран на екстремната десница што сепак би можел да му го предаде претседателството на земјата на ултранационалист пријател на Москва. Во услови на неизвесност дали уставниот суд во понеделник ќе нареди повторување на првиот …

Социјалдемократите ги запреа крајните десничари на изборите во Романија Read More »

Под товарот на Бојан Христовски може да потклекне Христијан Мицкоски


  Необјасниво е зошто со толку енергија, напор, партиска логистика, пропагандна машинерија, се користи премиерот Христијан Мицкоски да го заштити својот избор за директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски. Под неговиот товар тој веќе почнува да потклекнува, како што се виде вчера на пратеничките прашања кога излезен на говорницата, дифузен, скролајќи преку телефонот, …

Под товарот на Бојан Христовски може да потклекне Христијан Мицкоски Read More »

Славески: Добро бе луѓе, брои ли некој? Што сте сите како здрвени? – неизвесен приватниот превоз во Скопје


  На денешната вонредна седница на Советот на Град Скопје, претседателот на Советот Трајко Славески, сам ги изброја гласовите на советниците кои гласаа по заклучокот што сам од почетокот на седницата го предложи, при што заклучи дека е донесен со мнозинство гласови од присутните, а колку беа  – не кажа.  Кога заклучокот го стави на …

Славески: Добро бе луѓе, брои ли некој? Што сте сите како здрвени? – неизвесен приватниот превоз во Скопје Read More »

Премиерот не верува дека некој во ЕУ може да гарантира оти ќе нема нови блокади


  Оптимизмот на премиерот Христијан Мицкоски за пронаоѓање излез од ќор-сокакаот околу уставните измени и отворањето на преговорите со ЕУ по првите кластери како да исчезна некаде по самитите во Берлин и Будимпешта. „Нема што повеќе од ова да правиме. Ние како Влада повеќе од ова не можеме да направиме, ниту ќе направиме. Тоа е …

Премиерот не верува дека некој во ЕУ може да гарантира оти ќе нема нови блокади Read More »

Обвинителот Коцевски ги чека од Тошковски 500-те лажни сертификати за англиски јазик


  Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на седницата на Советот на јавни обвинители во врска со острите забелешки на премиерот Христијан Мицкоски искажани вчера во Собранието истакна дека тој ќе продолжи да работи професионално и согласно законите. „Јас ќе продолжам да работам најпрофесионално, законито и чесно и сѐ …

Обвинителот Коцевски ги чека од Тошковски 500-те лажни сертификати за англиски јазик Read More »

Порака од ЕУ: Креативното решение за Македонија е лимитирано со заклучоците на Советот


  (Од нашиот известувач) БРИСЕЛ – Три дена пред стартот на новата политичка гарнитура во Европската унија никој не знае како ќе изгледа креативното решение со кое Македонија ќе може да ги продолжи преговорите за членство, но пораката е дека нема шанси земјата да биде оставена назад. Идната недела ќе се држи средба на новиот …

Порака од ЕУ: Креативното решение за Македонија е лимитирано со заклучоците на Советот Read More »

Сиљановска не ја сака дикцијата на Марта Кос во изјавата за уставните измени


  ЦЕТИЊЕ – Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска од Цетиње, каде е во официјална посета на Црна Гора, коментирајќи ја вчерашната изјава на новоизбраната еврокомесарка за проширување Марта Кос истакна дека ѝ забележува на дикцијата во однос на очекувањата за уставните измени и додаде дека едно е да се укаже или препорача, но да се каже …

Сиљановска не ја сака дикцијата на Марта Кос во изјавата за уставните измени Read More »

Славески вели со булдожери може да се расчистуваат блокирани крстосници


  Градоначалничката Данела Арсовска треба да сноси одговорност затоа што врши диверзија во една витална дејност како што е јавниот градски превоз, порача денеска Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје, кој два дена е прозиван од Арсовска, за состојбите со градскиот превоз во Скопје. „По оној кикс што беше направен со ЈСП, кадешто …

Славески вели со булдожери може да се расчистуваат блокирани крстосници Read More »