Српската опозиција бара нов уреднички тим на РТС и на РТВ


На протестот „Сите како еден – Еден од пет милиони“ во Белград  прочитани се барањата за формирање на заедничка комисија на владата и опозицијата за дефинирање на фер изборни услови. Во нив се вклучени изборот на нов состав на Регулаторната комисија за електронски медиуми (РЕМ) и избор на технички и уреднички тим на Радио Телевизија  […]

Младенов: Бугарите од Северна Македонија во срце ја носат нејзината државност


Со Договор за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија покажавме дека таму каде што има политичка волја и идеја за прогрес, отворените прашања лесно се решаваат, рече премиерот Зоран Заев денеска во обраќањето на свеченоста по повод 11-годишнината од основањето на Бугарскиот Културен Клуб во нашата земја. Двете земји, како […]

Мерко да се ограничи со закон


Нови правила на игра за градоначалниците бараат експертите по случаите на неоправдани луксузирања со пари на граѓаните. Откако струшкиот градоначалник јавно призна дека не е пишман што купил скап автомобил од 67.000 евра, премиерот Зоран Заев рече дека нема намера да молчи за вакви примери. Бидејќи јавно не кажа што ќе направи, веројатно на политичко […]

Викенд за пребројување во Скопје


На крајот од втората недела во кампањата за претседателските избори, најголемите партии го селат својот караван во Скопје. И власта и опозицијата ги испланираа своите ударни митинзи викендов, каде се очекува да ги испратат финалните пораки до противниците, како и до своите партиски членови. Вообичаено за практикување политика на овдешен начин, се очекува масовно присуство […]

Ќе нема веќе „бугарски земји“ во учебниците


На дводневната, петта средба на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, која се одржа во средата и четвртокот во Софија, експертите работеле на забелешките во учебниците по историја за петто одделение во бугарскиот образовен систем и шесто одделение во македонскиот образовен систем за периодите на праисторијата и антиката. По дискусиите […]

Пендаровски, Силјановска или Река: Кој има подобар стил?


Леле, колку костумите добро му стојат на Пендаровски. А вратоврските ич не му се здодевни. А Силјановска, зошто се шета ненашминкана. Барем кармин да стави. А изгледа омилени ѝ се карнерите, секоја втора кошула ги има. Види го ти Река – елегантен, баш како професор и ексамбасадор. Вака коментира македонската јавност додека ги гледа претседателските […]

Во Шведска уапсен обвинетиот за 27 април кој беше во бегство


Шведската полиција го уапси Дејан Давиовски кого македонските власти го бараат по потерница од Интерпол за упадот во Собрание на 27 април. Шведските медиуми објавија, а обвинителството потврди дека Давидовски е уапсен на аеродромот во Стокхолм, каде пристигнувал од Софија, на 7 април. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција преведува докази со кои […]

Кирацовски: Сите релевантни анкети предвидуваат победа на Пендарвоски, одиме напред


Во вечерашната дебата на „Топ тема„, генералниот секретар на СДСМ и шеф на изборниот штаб, Александар Кирацовски, рече дека последната анкета на Телма, како и сите релевантни анкети предвидуваат сигурна победа на Стево Пендаровски на претседателските избори и сериозна предност уште во првиот изборен круг. -Сите релевантни анкети го покажуваат трендот, расте поддршката за Стево […]

За една недела нови 126 случаи на морбили


Од 6 април до денеска во државава се регистрирани 126 случаи на мали сипаници (лабораториски потврдени или поврзани со епидемиолошка врска), се наведува во извештајот што денеска на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје. Од вкупниот број новозаболени лица, 57 случаи се од Скопје, а 70 отсто од нив се непотполно вакцинирани, невакцинирани или со […]

Пендаровски води пред Силјановска-Давкова


Претседателскиот кандидат на владејачката коалиција, Стево Пендаровски, во првиот круг ќе води со предност од 3,7 отсто пред кандидатката од опозицијата, Гордана Силјановска-Давкова. Ова го покажува истражувањето на јавното мислење на Институтот за демократија и МЦМС нарачано од телевизија Телма. Според анкетата, третиот кандидат на претседателските избори зад кој застанаа Алијансата на Албанците и Беса, […]

(ВИДЕО) Стари возови, празни вагони, се чека на нови локомотиви веќе 25 години


Празни возови, недостаток на вагони, малку локомотиви, катастрофално лоши пруги. Иако најбезбеден, најкомотен и најевтин, железничкиот сообраќај кај нас е пред распад. Од празната политичка пропаганда која во изминатите години побуди надеж дека конечно ќе се олесни патувањето преку модерни возови, остана само суровата реалност – лоша железничка инфраструктура, укинување на веќе постоечките линии и […]

Пендаровски со предност од 3,7% пред Силјановска


Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски води со 3,7 процентни поени разлика пред претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, додека третиот претседателски кандидат- Блерим Река со стабилна поддршка од 11 отсто – покажува новата анкета по нарачка на Телма, изработена од Институтот за демократија Социетас Цивилис во Соработка со МЦМС. За Стево […]

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради најавените митинзи на партиите


Посебен сообраќаен режим во Скопје ќе биде воведен викендов поради најавените настани на политичките партии. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека поради утрешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата од денеска од 19 часот до утре до полноќ ќе биде затворен дел од булеварот „Илинден“ на потегот од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до крстосницата […]

Околу 190 илјади лица бараат работа, некои ја одбиваат онаа што ќе им ја најде Агенцијата


Околу 190 илјади лица се евидентирани во Агенцијата за вработување како невработени, а половина од нив се пасивни баратели односно на секои шест месеци само се пријавуваат во Агенцијата. Од оние кои бараат работа, голем дел не се појавуваат на интервјуата за работа, а од оние кои ќе отидат на интервју за работа, половина не […]

Испораката на ѓуленистите желба на Ердоган, но не и наша обврска


Македонија мора да продолжи да влече паметни потези во сложениот геополитички амбиент, без да избрзува и да ги доведува во прашање своите највисоки цели, велат познавачите во врска со дилемите дали македонската Влада треба да ги задоволи желбите на Турција за санкционирање на архинепријателите на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Во Министерството за правда по барање […]

Кејт Брнс: Договорот од Преспа ќе донесе стабилност во регионот


Договорот од Преспа е огромен дипломатски успех. Напорите на лидерите на Северна Македонија и Грција Зоран Зеав и Алексис Ципрац да го постигнат овој историски договор ќе донесат стабилност пошироко во регионот. Ова го истакна новата американска амбасадорка во земјава Кејт Брнс на сослушувањето во Сенатот за потврда на номинацијата од претседателот Доналд Трамп. Таа […]

Пренамената на комбињата за Итна помош би чинела 80.000 евра


По 10 илјади евра од комбе би чинело доопремувањето и пренамената на осумте комбиња на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за кои Министерството за здравство одлучи да бидат искористени во Итната помош, дознава „Независен весник“ од извори во Министерството за здравство. Проценката ја направи Секторот за медицинска опрема, а возилата ќе се користат за […]

И Груевски може да се најде на списокот за аболиција


Веќе неколку дена претседателот Ѓорге Иванов преку молк на неговиот кабинет ја одржува во живот дилемата дали ќе се обиде да ги аболира осудените за насилствата на 27 април. Во меѓувреме, во политичките кругови почнува да се лицитира и со можност за помилување на поранешниот премиер Никола Груевски, но за предмети што против него ги […]

Во Кривичен рочишта за „Траекторија“, „Триста“ на СЈО и за убиството на Саздовски


Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат нови рочишта за „Траекторија“, „Триста“ на СЈО и за убиството на Никола Саздовски. Случајот „Траекторија” се наоѓа во доказна постапка и во него се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер […]

Болна и бавна вистината за Смилковското езеро – седум години нема осудени


Родителите на четворицата матуранти и роднините на рибарот денеска ќе ги посетат гробовите на своите најмили, а во 19 часот попладне ќе отидат кај Смилковско Езеро, на местото каде што пред седум години на Велики четврток се случи грозоморниот масакр. Седум години ја преживуваат болката низ судниците, а осудени сторители за грозоморниот масакр нема. Надежта […]