Заев: Во вториот круг да избереме европски претседател


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев рече дека по преброените над 98 отсто од гласовите, Стево Пендаровски има 321.201 глас и води пред Гордана Силјановска – Давкова со 316.872 гласови и Блерим Река со 79.169. „Честитки за фер и демократските избори, тоа е темелна вредност. Во вториот круг ќе заокружиме уште една европска вредност: европски претседател“, […]

Пендаровски до гласачите на Река: Знаете што е исправно


Претседателските кандидат Стево Пендаровски, рече дека концептот „Општество за сите“ води во првиот круг и ќе победи во вториот. „Разликата меѓу мене и Силјановска е огромна. Имам посебна порака до гласачите на Блерим Река. јас знам дека вие знаете што е најдобро, за нас, за вас и за децата, наши и ваши, прогресивниот концепт напред […]

Мицкоски: Ја победивме „хотел коалицијата“


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа на Гордана Силјановска – Давкова на првиот круг од претседателските избори. Тој рече дека народот бил сам против власта, односно против „хотел коалицијата“, како што ги оквалификува СДСМ и ДУИ. Мицкоски ги наброја Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Илинден, Аеродром, Битола, Охрид, Штип… и уште десетина градови низ земјава каде […]

Силјановска: Се насетува крајот на Заев


Кандидатот за претседател, Гордана Силјановска – Давкова смета дека крајот на владеењеето на Зоран Заев и на неговиот тим се насетува, но напомена оти е свесна оти битката допрва следува во вториот круг. Таа им се заблагодари на ВМРО-ДПМНЕ и на коалициските партнери што ја кандидираа, но и на сите оние што гласаа за неа, […]

Од обработени 90 отсто од гласачките места: Пендаровски и Силјановска изедначени


Според првичните резултати објавени на веб-страницата на ДИК од обработени 89,69 отсто од гласачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 276.224 гласа, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова со 273.617, што е разлика од 2.607 гласа. Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше […]

Река ќе се активира во политиката, Села бара предвремени


Кандидатот за претседател, Блерим Река најави дека ќе се активира во политиката доколку на денешните избори добие повеќе гласови отколку што ДУИ оствари на минатите избори, а тоа беа локалните во октомври 2017 година. На тие избори, партијата на Ахмети доби околу 85.000 гласа. Во моментов, на 85 отсто од изброените гласови за претседател, Река […]

Разликата меѓу Пендаровски и Силјановска е 1%


Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 74,52 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,64 проценти, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 41,59, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со 11,55 отсто. […]

Кирацовски: Пендаровски ќе оствари сигурна победа и во вториот изборен круг


Кандидатот поддржан од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски е во водство пред неговиот противкандидат поддржан од ВМРО и коалицијата Гордана Силјановска Давкова, по пребројани околу две третини од избирачките места, изјави на вечерашната прес-конференција шефот на изборниот штаб на Пендаровски , Александар Кирацовски. Кирацовски прецизира, според актуелните податоци, Пендаровски води со 2,5 проценти пред Гордана […]

Хекуран Дука прогласи победа во Дебар


Според првичните информации од Изборниот штаб на дебарскиот огранок на ДУИ, кандидатот на оваа партија, Хекуран Дука е новиот градоначалнк на Дебар. Тој на денешните избори освоил над 400 гласови повеќе, наспроти неговиот против кандидат Арбен Аголи, од Алијансата за Албанците. Дука се заблагодари на дадената доверба и вети дека ќе биде градоначалник на сите […]

ДУИ води во Дебар


Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 18,15 отсто од гласовите во Дебар за градоначалник, води кандидатот на ДУИ, Хекуран ДУка со 50,57% спроти кандидатот на Алијанса за Албанците 46,39%. Одѕивот до 18:30 часот во Дебар изнесуваше 42,70 отсто од обработени  18.551  од избирачките места.  

ДИК почна да ги објавува резултатите, засега мртва трка


Државната изборна комисија почна да ги објавува првичните резултати од претседателските избори кои се менуваат од минута во минута. Резултатите се објавуваат на интернет-страницата на ДИК, а засега оттаму нема официјална изјава. Како што се гледа од последните објавени податоци, од обработените 3.512 гласачки места (20,73%), за Блерим Река гласале 16.082 гласачи (15,24), за Гордана […]

Силјановска дојде во ВМРО, се пребројуваат резултати


ВМРО-ДПМНЕ ги пробројува резултатите од денешното гласање за претседател на државата. Во седиштето на партијата, пред малку пристигна и професорката Гордана Силјановска-Давкова. На прашањето околу слабата излезност на гласачите во средините претежно албанско население, таа кусо одговри дека тоа се должи на неуспешноста во мисијата консезуален претседател, алудираќи дека СДСМ и ДУИ погрешно ги процениле […]

Излезеноста на изборите до 18:30 часот е речиси 40 отсто


Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори до 18:30 часот изнесува 39,71 отсто од обработени 91,54 проценти од избирачките места проценти или на гласање излегле околу 700 илјади граѓани, соопшти вечерва на прес-кобнференција претседателот на ДИК Оливер Деркоски. Најголема излезност има во Гевгелија 59,25, Кавадарци 53, Карпош 49,89 отсто,а најниска во Боговиње 17,93 отсто. Деркоски […]

Пендаровски: Да оствариме предност, за да бидеме поблиску до Европа


Кандидатот за претседател на државата од СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски по гласањето денеска изјави дека очекува мирен изборен ден, а на крајот убедлива предност. – Очекувам мирен и спокоен изборен ден, впрочем како што и доликува на една европска и демократска држава. Очекувам висока излезност, затоа што граѓаните знаат дека не станува збор за […]

Река: Ќе докажеме дека сме држава подготвена за ЕУ


Кандидатот за претседател Блерим Река заедно со сопругата го оствари своето право на глас во Основното училиште „Живко Брајковки“ во Општина Бутел. -Со вакво убаво време, мислам дека и расположението на граѓаните е такво. И се надевам дека со оваа ќе докажеме дека сме држава која е спремна да ги почне преговорите за членство во […]

Силјановска-Давкова: Ако не влезам во втор круг, ќе гласам за Река


Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска-Давкова денеска гласаше во Основното училиште „Коле Неделковски“. – Ова се посебни избори. Не зошто јас сум кандидатка и не зошто првпат жена има шанса да биде претседател на Македонија, туку заради условот. Ние треба да го докажеме европскиот, реформски, демократски капацитет и со фер и демократски […]

Затворени гласачките места


Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните на Република Северна Македонија можеа да гласаат на првиот круг од шестите претседателски избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. На 3.480 избирачки места во Републикава и на 32 во […]

Заев: Да избереме претседател кој ќе не води напред


Од сите нас се очекува сериозна одговорност доколку постигнеме две работи: успешно избереме претседател на државата и секако да избереме претседател кој ќе не води напред, рече премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев по гласањето на избирачкото место 1730 во Струмица, каде гласаше заедно со сопругата Зорица. Повика сите да покажат сериозна зрелост ако […]

Приведен гласач во кумановско Тромеѓе


Полицијата  привела едно  лице во гласачко место во кумановското село Тромеѓа  кое го фотографирало гласачкото ливче, информираат од Општинската изборна комисија (ОИК) Куманово. За случајот,  како што додаваат оттаму, е во тек подготовка на записник. Случајот го потврдија и од Министерството за внатрешни работи од каде информираат дека настанот се случило во 16 :49 часот, […]

Излезноста до 17 часот е 35,13 отсто


Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори до 17 часот изнесува 35,13 проценти, според пристигнатите информации до Државната изборна комисија (ДИК) од 79,73 проценти од избирачките места на кои досега на гласање излегле 496.784 граѓани. – Доколку би го следел овој тренд на процентуална излезеност, а имајќи предвид дека досега се обработени само 79,73 проценти […]