Пендаровски: Како иден претседател ќе иницирам воведување орден „Киро Глигоров“


Кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски при денешната посета на Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ во Штип најави дека како иден претседател ќе иницира воведување орден „Киро Глигоров“, а кој ќе се доделува на заслужни граѓани, кои, како што рече, дале голем придонес за мирот и безбедноста на државата.

– Политиките на Глигоров се пример, показател колку е важно за една држава да го задржи вистинскиот правец на движење за нејзината иднина, вели Пендаровски.

Тој забележа дека неговата најголема гордост е што имал чест да го познава првиот претседател на независна и самостојна Македонија, Киро Глигоров.

– Исклучителен човек, политичар и државник. Неговата улога во осамостојувањето и меѓународно признавање на нашата држава е бесценето. Во услови, кога на територијата на бившите југословенски републики, војната беше на прагот Глигоров изоде тежок и трнлив пат до конечно од федерацијата и мирно осамостојување на нашата држава, рече Пендаровски.

Тој во рамките на Мултимедијалниот центар, ја посети и спомен собата на Киро Глигоров во која се наоѓаат лични предмети и награди, што ги добивал Глигоров како претседател на земјава.