Младинскиот форум на ДУИ го избра Авни Рустеми за нов претседател

Авни Рустеми е избран за нов претседател на Младинскиот форум на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на изборно собрание што се одржа денеска во Тетово. Избрани беа и потпретседател, портпарол, секретар и други партиски функции на претседателството на Младинскиот форум.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети по изборот на новиот младински лидер им порача да ја направат партија уште посилна.

– Младината на ДУИ е движечката сила на партија и најдобро знае како да ја спроведе визијата за ЕУ и НАТО. Да имате успех во работата, да не се штедите, да се жртвувате, ако треба да се карате, но да имате заеднички одлуки и да ја направите ДУИ уште посилна. Ние како партија најмногу направивме за Албанците. Немавме можност да зборуваме на мајчин јазик, а сега учиме на Универзитети. Сме биле кираџии во сопствениот дом, а сега сме господари во домот. Овде нема место за повеќе од две партии на Албанците. Само со нашата партија може да се оди напред, истакна Ахмети по изборот на претседателот на Младинскиот форум.

Наизборното собрание се обрати и градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај.

– Да не се дели албанскиот глас, зошто обединети ќе имате повеќе пратеници и ќе може да ги постигнете вашите цели, рече Велиај.