Зекири: Нема поголем демократ од Заев


Пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири, во разговор за МКД.мк вели дека некои функционери од партијата, вклучувајќи директори, министри и градоначалници, летнаа во облаци и, за жал, заборавија дека таму се по заслуга на граѓаните.

Тој смета дека ваквите изјави нема да му наштетат затоа што „поголем демократ од нашиот претседател Зоран Заев верувајте дека нема“.

– Човек што почитува различно мислење и оние што гласно размислуваат. Но настрана од ова, јас и како новинар кога сум искажувал свој став и сега како политичар кога искажувам, никогаш не се водам од тоа дали ќе создадам непријатели поради моите ставови. Се водам по она што го чувствувам и го мислам и секако тоа што го мислат мнозинството граѓани, односно секогаш ја зборувам вистината и сум искрен.

Зекири смета дека најавената чистка и реконструкција, по изборите е и негов став што го кажал уште вечерта по завршувањето на првиот круг од претседателските избори.

„Tокму тоа го бара и премиерот. Одговорност мора да има! Треба да се менуваат лица, а секако во еден дел и пристапот“, додаваЗекири во интервјуто.

За коалициски партнер на ДУИ вели дека неговите ставови во однос на ДУИ ѝ се познати на пошироката јавност. Одговори со контрапрашање: што од тоа што сум го изнел како мој став кон ДУИ не е точно?!

Целиот текст ТУКА