Османи: Главен фокус се евроинтеграциите, па потоа реконструкција на Владата


Подготовките за конгресот на партијата биле централна тема на вечерашната седница на Централното претседателство на Демократската унија за интеграции (ДУИ), информира партискиот портпарол Бујар Османи. На новинарско прашање за реконструкција во Владата, тој изјави дека фокусот е на надворешната политика околу евроинтеграциите, по што ќе се знаат чекорите во внатрешната политика и промените во извршната […]

Мицкоски е за соработка со Владата за да се добие датум за преговори во октомври


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе го понуди потенцијалот на неговата партија за да се добие датум за преговори со ЕУ во октомври. Рече дека ќе побара поддршка од Извршниот и Централниот комитет да се формираат работни групи кои заедно со Владата ќе ги утврдат проблемите и ќе работат на надминување на сите пречки за, […]

30 дена притвор за државниот секретар Јахи Јахиу


Основниот суд во Скопје на државниот секретар во министерството за информатичко општество Јахи Јахија му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Тој е обвинет дека зел поткуп за да намести фирма да добие европски пари. Мерката притвор е изречена поради опасност од бегство и поради можноста да го повтори делото.  

Зијадин Села: Одговорност да има и од највисоките членови на ДУИ


Претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села од редовниот состанок на централното раководство што се одржа во Тетово во изјава за медиумите ги коментираше актуелните политички случувања. Тој посочи дека Алијансата е за пропорционален модел со отворени листи, а изјави дека треба да се утврди одговорноста на ДУИ околу изборот на судии и обвинители. – […]

Тепачка во Советот на Општина Охрид: Советник на ДУИ нападнал физички советник на БЕСА


Денеска на седницата на Советот на Општина Охрид дојде до физичка пресметка помеѓу советниците. Советник на ДУИ нападнал физички советник на БЕСА. Oд партијата на Билал Касами велат дека нападот врз нивниот советник Џелал Мена од Нефи Усеини е пријавен во полиција. „Стравот и паниката во ДУИ јасно се гледаат како криминолошките акции се приближуваат […]

Северна Македонија и Грција неделава се во фокус во Вашингтон


Комисијата за надворешни работи на американскиот Сенат в среда ќе има сослушување поврзано со пристапувањето на Северна Македонија во НАТО, додека утре, пак, се одржува настан за улогата на Грција како геостратешки сојузник на САД во Западен Балкан. На сослушувањето во Сенатот повикани се помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, […]

Бензините поевтинуваат за три, дизелот за 2,5 денари по литар


За три денари од литар поевтинуваат бензините од ноќеска на полноќ, додека дизелот за 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Тоа значи дека новата цена на „Супер 98“ ќе изнесува 69 денари за литар, „Супер 95“ ќе се продава за 66,50 денари, а дизелот за 60 денари литар. Екстралесното масло за домаќинства од […]

Два месеци траела истрагата што доведе до апсење на државниот секретар, во повеќе европски земји


Во текот на денешниот ден, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на Министерството за внатрешни работи по наредба на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во координација со италијанското обвинителство од Милано, а со поддршка на ЕУРОПРАВДА, спроведува координирана полициска операција за обезбедување докази за […]

До крајот на денот ќе се знае дали оставката на Груевски ќе биде ставена на утрешната седница


На претпладневната средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи, на која не присуствува претставник на ВМРО-ДПМНЕ, не е донесена конечна одлука дали оставката на пратеникот и поранешен премиер Никола Груевски, кој избега од земјава и доби политички азил во Унгарија, ќе биде ставена на дневен ред на утрешната седница. Од […]

Секој што има 150.000 евра може да конкурира на тендерот за фотоволтаични електрани


До август годинава ќе трае тендерот за изградба на фотоволтаични електрани на државно земјиште кај Свети Николе и кај Македонски Брод. Денеска ќе биде објавен јавниот оглас за доделување премии за изградба на фотоволтаични електрани на државно земјиште за вкупно 35 мегавати, односно 25 мегавато на земјиште кај Свети Николе и 10 на територија на […]

Шефот на државата им стисна лајк на помалите партии: Прагот е поважен од промената на изборен модел


Поддршката за промена на изборниот модел како своевидна прва заложба на шефот на државата, Стево Пендаровски, во сферата на внатрешната политика очекувано предизвика задоволство кај најзаинтересираните за таа реформа – помалите политички партии кои мака мачат независно да стигнат до макар едно столче во македонскиот парламент. Нивната иницијатива доставена во изминатиот период до неговиот кабинет […]

Спасовски – дежурен критичар на судот


Ниту од Кривичниот суд, ниту од Специјалното јавно обвинителство нема реакција на изјавата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за критиките кон правосудните органи откако осомничениот бизнисмен Орце Камчев доби времен пасош за да учествува на седница на некој управен одбор и на мистериозна едукација во странство. Министерот и во своето обраќање и потоа […]

Почнува летниот распуст за учениците 


За учениците денеска е последниот училиштен ден и почнува летниот распуст. Учебната 2018/2019 година ја завршуваат околу 270 илјади средношколци и основци, меѓу кои и 20 000 првачиња. На полуматурантите им претстои запишување во средните училишта. Првото пријавување во јунскиот уписен рок е на 17 и 18 јуни, а второто на 24 и 25 јуни. […]

Пописот догодина ќе чини најмалку 522.000.000 денари


Собраниската Комисија за европски прашања утре треба да расправа по Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2020 година, во прво читање. Како што стои во предложениот текст, согласно Законот за државната статистика и Петгодишната програма за статистички истражувања 2018 – 2022, Државниот завод за статистика во април 2020 година треба […]

Полските хулигани си заминаа – Платиле вкупно 33 илјади евра за казни


Наместо да ја бодрат својата репрезентација на трибините и да ја слават нејзината победа, над двесте полските навивачи ќе ја паметат македонската полиција и судови. Тие веќе си заминаа во Полска, но со 150 евра помалку, пари што ги дадоа за казна која ја платија за масовната тепачка што се случи во Градскиот парк во […]

СОНК не сака наставници да губат работа – за ученици да работат


Дуалното образование се гледа како еден од начините да се запре процесот на млади кои бегаат, односно имаат мал интерес да се запишуваат во средните стручни училишта. Претседателот на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров,подвлекува дека младите најчесто сакаат да се вработуваат во јавниот сектор и затоа одбираат општествени науки. Дуалното образование може да биде од помош, но […]

Вера, надеж, љубов: Влатко Стефановски со вонсериски концерт за пријатели


Концертот во интимна атмосфера на македонскиот вонсериски гитарист Влатко Стефановски  синоќа во луксузниот комплекс Старо Буре, во Кучково се претвори во незаборавна журка и ноќ за паметење со најмоќните негови песни отсвирени само за оние кои имаат вера, надеж и љубов. Влатко, со неговиот бенд „Влатко Стефановски Трио“ кој  го сочинуваат и Јан Стефановски (18) […]

Заев лично ќе ја убедува Меркел за датум


Претседателот на Владата, Зоран Заев, најави уште една средба со германската канцеларка Ангела Меркел, но не прецизираше кога и каде би се одржала средбата. „Мене ми е драго што е испратена порака за точен термин за состанок со канцеларката Меркел. Овој успех е и на канцеларката Меркел и на земјите членки на ЕУ, таа беше […]

Протестен марш во Скопје: КСС бара повисоки плати и K-15 во јавниот сектор


Усогласување на платите во јавниот сектор согласно со покачувањето на минималната плата и исплата на К-15 во јавниот сектор, бара Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС). Овие барања синдикалците ги изнесоа попладнево на протестен марш во Скопје, кој почна  пред Собранието, а заврши пред Владата. Претседателот на КСС Благоја Ралповски посочи дека тие се и против  […]

Тевдовски: Се забрзува економскиот раст


Забрзувањето на економскиот раст продолжува, што ја оправдува горната ревизија на економскиот раст на 3,5 проценти. Ако се оддржи ваквиот солиден раст таа проекција може да се надмине,  вели министерот за финансии Драган Тевдовски. – Растот од 4,1 процент во првиот квартал е на широка основа, односно има раст кај сите клучни сектори.  Ова ги […]