СДСМ ги избра новите членови на Извршниот Одбор

СДСМ на денешниот 9-ти Централен Одбор на партијата донесе одлука за новиот Извршен Одбор.

Според одлуката на седницата која се одржува во Охрид, нови членови на ИО се министерката за правда Рената Дескоска, скопскиот градоначалник Петре Шилегов, првиот финансиер Драган Тевдовски и Фросина Ташевска Ременски.

Освен тоа, според информациите, нема да има брзи предвремени парламентарни избори, а тема ќе биде и новиот начин и систем на делување на владеачката партија, од централно до општинско ниво.

Од претходно е познато дека нов генерален секретар на партијата ќе биде министерот за земјоделство Љупчо Николовски.