Урсула фон дер Лејен избрана за претседател на Европската комисија


Германката Урсула фон дер Лејен е избрана за претседател на Европската комисија, јави дописникот на МИА од Стразбур. Досегашната германска министерка за одбрана, блиска на канцеларката Ангела Меркел беше избрана со тесно мнозинство од гласовите, односно за неа гласаа 383 европратеници, со што таа стана првата жена претседател на Европската комисија. На Урсула фон дер …

Урсула фон дер Лејен избрана за претседател на Европската комисија Read More »

Заев: Сите се еднакви пред законот, „Рекет“ не загрозува ниту еден од процесите коишто се водат


Почит на пресумпцијата на невиност, но и теза дека законот мора еднакво да важи за сите искажа денеска премиерот Зоран Заев во интервју за МИА во кое говори за последните случувања во врска со вчера обелоденетата истрага „Рекет“, евентуалната вмешаност на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во случајот и како сето ова ќе се одрази …

Заев: Сите се еднакви пред законот, „Рекет“ не загрозува ниту еден од процесите коишто се водат Read More »

Русковска: Обезбедените видеа и аудио-материјали се само за двајцата осомничени во „Рекет“


Обезбедените видеа и аудио-атеријали се само за овој случај што го отворивме сега, за овие двајца осомничени. А понатаму во истрагата дали ќе се појават докази за обвинители, за политичари, за луѓе од јавниот живот ќе видиме, вели јавната обвинителка Вилма Русковска во интервју за Телевизијата 24. Таа додава и дека инволвираноста на јавен обвинител …

Русковска: Обезбедените видеа и аудио-материјали се само за двајцата осомничени во „Рекет“ Read More »

Заев: Контрадиктирно е да се зборува за владеење на правото, а да се одбива учество на лидерската


Премиерот Зоран Заев денеска во интервју за МИА ги повика сите поканети, меѓу кои и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да присустува на лидерската средба, која ја закажа за в петок. Мицоски денеска на прес-конференција рече дека не гледа причина да учествува на лидерската средба, доколку на неа не се се разговара за предвремени …

Заев: Контрадиктирно е да се зборува за владеење на правото, а да се одбива учество на лидерската Read More »

ОЈО: Истрагата за случајот „рекет“ сè уште не е проширена


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција како шпекулации ги оцени одредени написи во дел од медиумите за наводно проширување на истрагата во предметот за примање награда за противзаконито влијание. Истрагата штотуку е отворена и не може да се зборува за проширување, велат оттаму, но не исклучуваат таква можност доколку во истрагата …

ОЈО: Истрагата за случајот „рекет“ сè уште не е проширена Read More »

Мицкоски: Притвор за Јанева, оставки и предвремени парламентарни избори


Компромитираното СЈО е завршена работа, а првиот чекор треба да биде притвор за Катица Јанева и за сите други вмешани во овој криминален октопод. Исполнети се сите услови, побара денеска на прес-конференција лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, посочувајќи дека во вчерашната афера корените се многу подлабоко од двете осомничени лица познати на јавноста, кои, …

Мицкоски: Притвор за Јанева, оставки и предвремени парламентарни избори Read More »

Ристоска: Поединците не го отсликуваат СЈО


Апел за побрзо расчистување на случајот „Рекет“, но и почитување на пресумцијата на невиност побара денеска специјалната обвинителка Ленче Ристоска, на прес-конференција, што ја свика СЈО откако вчера Јавното обвинителство го отвори случајот, беше одреден притвор за Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец, а претходно Катица Јанева поднесе оставка, и заради исрагата и беше одземен мобилниот …

Ристоска: Поединците не го отсликуваат СЈО Read More »

На Боки 13 му заплениле брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички дела


Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција до рано наутро вршеле претреси и собирале докази во рамките на истрагата што беше отворена против шоуменот и сопственик на 1 ТВ, Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13-ка. Извршени се претреси во домот на родителите на Боки 13-ка, во станот каде што престојувал, во канцелариајта …

На Боки 13 му заплениле брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички дела Read More »

Костова: Договорот со 1ТВ ми заврши со интервјуто на Јовановски


Новинарката Јадранка Костова, вели дека авторскиот договор со „1ТВ“ ѝ завршил со интервјуто на сопственикот на телевизијата Бојан Јовановски, попознат како Боки 13-ка, кој вчера беше уапсен и се наоѓа во притвор за рекетирање. „Не знам што ќе се случува со телевизијата. Веќе две-три недели не одам таму. Немам никаков контакт. Јас работев таму со …

Костова: Договорот со 1ТВ ми заврши со интервјуто на Јовановски Read More »

Димитров: Прашањето за статусот на СЈО да се затвори за 100-процентна шанса за датум во октомври


За да нема ниту една земја која ќе си дозволи да не биде дел од овој консензус за доделување на датумот за преговори многу е важно да се работи на правдата и да се обезбеди иднина на СЈО како тело со општ мандат да гони висока корупција, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров на …

Димитров: Прашањето за статусот на СЈО да се затвори за 100-процентна шанса за датум во октомври Read More »

Димитров: Не знам која е пријателската земја посредник, но се покажа дека системот ни е подразбуден


Министерот за надворешни работи Никола Димитров не знае на која земја се алудира во однос на некои наводи дека со посредство на некоја пријателска држава се обезбедени докази за вчерашните случувања во однос на „рекетот“ врз македонски бизнисмен, а во кој е вклучен и обвинител. – Знам дека секое расветлување, отплеткување ни помага и нам …

Димитров: Не знам која е пријателската земја посредник, но се покажа дека системот ни е подразбуден Read More »

Основен кривичен суд: Наместо да го напаѓа судот, ОЈО да си погледне во сопствениот „двор“


Судот и судиите работат согласно законските одредби, го почитуваат начелото на еднаквост на оружјата, уставно загарантираните права и слободи и одлучуваат врз основа на доказите и аргументите, а не врз основа на лични желби на странките во постапката, се вели во писмената реакција од Основниот кривичен суд Скопје, во однос на вчерашната изјава на државниот …

Основен кривичен суд: Наместо да го напаѓа судот, ОЈО да си погледне во сопствениот „двор“ Read More »

Лека-полека, Вангеловски паѓа од судскиот врв


Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, по двете ненадејни искачувања на самиот врв на судската власт во земјава, годинешнава летна ферија ја почна со неизвесност – соочен со можност да биде симнат од функцијата. На утрешната седница, Судскиот совет, најверојатно, ќе ја отвори темата за негово можно разрешување. На тоа упатува точката што е насловена …

Лека-полека, Вангеловски паѓа од судскиот врв Read More »

Кочан најверојатно нема утре да оди во затвор


Осудениот бизнисмен Сеад Кочан, в среда, 17 јули, датум кој му го одреди судот за да почне со издржувањето на затворската казна од четири години и осум месеци, можно е да не оди в затвор. Кривичниот совет му ја отфрли првата жалба и го потврди решението на судијата за извршување на санкции кој му го …

Кочан најверојатно нема утре да оди во затвор Read More »

Оставки и апсења за договор или за избори


Заглавените политички процеси во земјава вчера беа придвижени од драматични случувања што би можело да помогнат во одврзувањето на јазолот. Додека премиерот Зоран Заев држеше прес-конференција во Владата, на која на лидерска средба ги повика првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на Алијансата за Албанците, специјалната обвинителка Катица Јанева ја соопшти својата оставка, а на …

Оставки и апсења за договор или за избори Read More »

EП гласа за назначување на Урсула фон дер Лајен за шеф на ЕК


Франција – Претставниците на Европскиот парламент денеска ќе гласаат за именување на Урсула фон дер Лајен за претседател на Европската комисија. Доколку Фон дер Лајен ја добие поддршката од Парламентот, веднаш ќе почне процесот за формирање нов состав на Комисијата. Во спротивно, Европскиот совет има еден месец да му достави на Парламентот нов предлог за кандидат …

EП гласа за назначување на Урсула фон дер Лајен за шеф на ЕК Read More »

Боки 13-ка во притвор


Судија на претходна постапка им одреди триесетдневен притвор на шоуменот и неформален сопственик на 1 ТВ, Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки 13-ка и бизнисменот Зоран Милевски, Кичеец. Кривичниот суд го прифати предлогот на Обвинителството и им одреди притвор на двајцата осомничени по трите основи кои ги предвидува Законот за кривична постапка, опасност од …

Боки 13-ка во притвор Read More »

Телефонот на Јанева треба да даде информации за истрагата против Боки 13


Мобилниот телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева е одземен по наредба на Обвинителството за гонење организиран криминал и корпција, потврдија за МИА од Обвинителството. Мобилниот на Јанева е одземен заради прибирање повеќе информации за истрагата што Обвинителството ја отвори денеска против Бојан Јовановски (Боки 13) и Горан Милевски (Зоки Кичеец), првоосомничен и второосомничен за изнудување …

Телефонот на Јанева треба да даде информации за истрагата против Боки 13 Read More »

Обвинителството ја отвори Пандорината кутија: Боки 13 осомничен за рекет од 1,5 милион евра


По низата скандали со кои се врзуваше шоуменот и неофицијалниот сопственик на телевизијата 1ТВ, Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупција конечно излезе со докази во јавноста и отвори истрага против Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13. Две вести кои беа објавени речиси истовремено ја шокираа јавноста. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева …

Обвинителството ја отвори Пандорината кутија: Боки 13 осомничен за рекет од 1,5 милион евра Read More »