Боки 13-ка во притвор


Судија на претходна постапка им одреди триесетдневен притвор на шоуменот и неформален сопственик на 1 ТВ, Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки 13-ка и бизнисменот Зоран Милевски, Кичеец.

Кривичниот суд го прифати предлогот на Обвинителството и им одреди притвор на двајцата осомничени по трите основи кои ги предвидува Законот за кривична постапка, опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото. Додека обвинителката Вилма Русковска даваше изјава по распитот, Јовановски беше изнесен од судската зграда и на обвинителката и порача „Зборувате лаги“. Двајцата осомничени со полициска придружба беа спроведени во истражниот затвор во Шутка.

Јовановски денеска беше уапсен на излез од Македонија, на граничниот премин Богородица, а Кичеец во скопски ресторан, откако Обвинителството против нив отвори истрага за изнудување пари од познат бизнисмен.

Според официјалната верзија на Обвинителството, Јовановски зел рекет од 1,5 милиони евра од осомничен, со ветување дека ќе влијае врз обвинителот и дека ќе му обезбеди олеснителни околности, односно дека ќе се обиде да ја сопре истражната постапка што се водела против него. Иако Обвинителството не ги соопшти имињата на обвинителката и осомничениот, перидот за кој се сомничи Јовановски се поклопува со периодот кога беше отворена истрагата за случајот „Имеприја“ од страна на Специјалното јавно обвинителство.

Вечерва и беше одземен телефонот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева и од него ќе се прибираат информации кои може да и помогнат на истрагата. Веста за апсењето на Боки 13 стигна истовремено се веста дека Специјалната јавна обвинителка депонирала оставка од функцијата.

Фото: А1он