Почна теренската вакцинација – заинтересираноста е голема


Медицински тимови од ЗД Пробиштип, рано утрово започнаа вакцинација во село Турско Рудари. ЗД Валандово теренската вакцинација ја почна од село Чалакли. Заинтересираноста на жителите е голема, а процесот на вакцинација се одвива одлично. Апелирам до граѓаните во што поголем број да се вакцинираат, вакцините се безбедни и ефикасни и единствен начин да се победи […]

Од денеска вакцинирање против Ковид-19 без закажан термин, во над 100 населени места ќе има и теренска вакцинација


Од денеска граѓаните може да примат вакцина против Ковид-19 без да закажат термин за вакцинација, а во над сто населени места во општините во цела држава почнува теренската вакцинација. Граѓаните кои ќе се вакцинираат без да закажат термин за вакцинација првата доза ќе може да ја примат во пунктовите во здравствените домови, болници или поликлиники […]

Италија ги уништи сништата на Англија на Вембли и стана шампион на пенали


Италија стана европски фудбалски шампион победувајќи ја Англија по изведување на пенали   Италијанските фудбалери се нови европски шампиони, а до титулата стигнаа со подобар учинок во пенал- рулет серијата (3-2), откако резултатот беше 1-1 во регуларните 90 минути и продолженијата на натпреварот. Англија поведе на Вембли по само една минута и 56 секунди игра, […]

Бугарија во нов заплет по изборите


Во новиот парламент влегуваат истите шест партии како по гласањето во април само со изменета поддршка. ГЕРБ и БСП и натаму ја губат поддршката, Има таков народ засега е на прво место   Доколку официјалните резултати бидат многу слични како и излезните анкети и паралелните пребројувања, тогаш Бугарија по неделните избори влегува во нов заплет […]

МОН: Привршува изработката на новите материјали за учење за прво и четврто одделение


Министерството за образование и наука денеска соопшти дека привршува изработката на новите материјали за учење за прво и четврто одделение, согласно усвоените нови наставни програми предвидени со новата Концепција за основно образование. Најавува дека во текот на летниот период ќе бидат претставени на јавноста и проследени до наставниците со цел навремено запознавање и подготовка за […]

Вакцинација против Ковид-19 од утре без закажан термин


Процесот на вакцинација против коронавирусот во државава се одвива непречено. Освен во јавните здравствени установи и вакциналните пунктови вакцинацијата против Ковид-19 се реализира и во групните домови и во социјалните установи за долгорочно сместување. Од утре таа ќе се одвива и без закажан термин, а дозволена е и вакцинација на деца од 12 до 16 […]

Кој навистина го уби претседателот на Хаити? Дали колумбиските командоси?


Според некои извештаи колумбиските командоси биле ангажирани да го штитат претседателот Моис, а не да го убијат. И дека убијците треба да се бараат меѓу неговите официјални чувари   Многу прашања се појавуваат во врска со официјалниот наратив на Хаити за атентатот врз претседателот Жовенел Моис, кој беше убиен во неговата вила во Порт-о-Принс минатата […]

Викенд во Охрид (Галерија)


Охрид ова лето ја живее втората туристичка сезона во услови на пандемија и, како и другите познати центри во светот, се надева дека вирусот конечно ќе биде совладан и работите ќе бидат како некогаш. Но, со короната и без неа, до Охрид и натаму се стигнува тешко – во најголемиот дел по лош магистрален пат […]

Филипче: Нема нови мерки, почнува теренска вакцинација и без закажување


  Ситуацијата со Ковид-19 е стабилна и дека нема потреба од воведување на нови мерки, министерот за здравство Венко Филипче денеска. „Политиката на затворање се спроведуваше во периодот кога не беа достапни вакцините. Сега кога ги има и кога се достапни акцент треба да се стави на процесот на вакцинација. Гледаме дека и Англија, иако […]

Заев: Очекуваме функционален парламент и политичка влада во Софија


 Очекуваме функционален парламент и политичка влада во Софија за добивање на зелено светло, односно одблокирање на Северна Македонија на нашиот пат кон Европската унија, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето на камен темелник за затворен пазар во Виница. Според Заев, при посетата на Бугарија и билатералните разговори на 17 јуни […]

Црна Гора го претвори во евра кинескиот кредит за автопатот и ја намали каматата


Преку договор за хеџинг со две американски и со една француска банка, црногорската влада успеа да го заштити буџетот од валутен ризик за заемот од речиси 1 милијарда евра добиен од кинеската Ексим банка во 2014 година за изградба на првиот дел од автопатот, објавија медиумите во Подгорица во петокот. Министерството за финансии на Црна […]

Пораки од „Економист“: ЕУ мора да најде начин да ја продолжи евроинтеграцијата на регионот, во спротивно вакуумот во проширувањето ќе го искористат трети сили


Процесот на европска интеграција станува се помалку предвидлив. Поради тоа, да не се дозволи вакуумот во проширувањето да го пополнат трети сили, туку добри иницијативи за регионот. Состојбата на неизвесност на државите од регионот во поглед на членството во Унијата може да создаде превирања и ЕУ мора да најде начин да продолжи со процесот на […]

Филипче: Болните деца во Гевгелија се негативни на Ковид-19, ќе се испитува што ја предизвикало инфекцијата


Тим од Клиниката за детски болести од Скопје денеска во Гевгелија заедно со тамошните лекари во Општата болница ќе испитуваат од каква респираторна инфекција заболеле педесеттина деца и бебиња. Тестовите за Ковид-19 кај децата биле негативни, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој истакна дека сè уште нема информации ниту детали за тоа за […]

Се враќаат ли инвеститорите? Павлески најавува фабрика за чипс, центар за истражување, милионски инвестиции и преку 1.000 вработувања


Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески денеска најави дека во земјава ќе биде отворена првата фабрика за чипс. Во тек се, рече Павлески, и контакти со неколку други компании за кои е извесно дека ќе инвестираат. Според него, има преговори и со компанија во делот на автомотив индустријата чија […]

МНР ги осуди несоодветните изборни спотови во Бугарија


МНР денес ги осуди несоодветните изборни спотови во Бугарија со кои се изразуваат територијални претензии кон нашата држава и тоа во време кога од страна на официјална Софија се бараат гаранции на меѓународно ниво дека – Македонија нема територијални претензии кон Бугарија.  -Во напорите за засилување на дијалогот и зацврстување на довербата, сето во функција […]

Болниците во Нов Зеланд преполни со деца заболени од респираторен вирус


Лекарите велат дека кај децата дошла наплатата на „долг за имунитет“ бидејќи не биле изложени на голем број вируси поради заклучувањата, дистанцирањето и санитарните средства и нивниот имунолошки систем страда   Новозеландските болници доживуваат наплата на „долг за имунитет“ создаден од заклучувањата на Ковид-19, со одделенија преплавени од бебиња со потенцијално смртоносен респираторен вирус, предупредуваат […]

(Фото-репортажа) Скопје се пржи на 43 степени Целзиусови! За денеска најавен пороен дожд


Деновиве во Скопје температурата на воздухот достигнува рекорди. На некои дисплеи, покажува и 43 степени Целзиусови.  Граѓаните спас бараат во фонтаните, а се полни и шишенце плус, додека се шета по усвитените скопски улици или додека да се заврши некоја работа.   Еден пие вода, а другиот жедно ја чека својата минута, да му дојде ред, […]

Имунитетот со вакцината на „Фајзер“ слабее, ќе треба и трета доза


Антителата природно опаѓаат со текот на времето, па во тек се студии за да се каже дали и кога може да бидат потребни засилувачи. Француските истражувачи открија дека антителата на невакцинирани луѓе кои прележале корона вирус се четири пати послаби против Делта варијантата   „Фајзер“ е пред барање за одобрение од САД за трета доза […]

Со Бас рапид системот Скопје ќе види и двојно зглобни автобуси (видео)


Бас рапид транспорт системот, кој Град Скопје планира да го воведе, треба да овозможи брз превоз на патници од Ново Лисиче до Ѓорче Петров. За постигнување на таа цел, во Скопје треба да се изгради трасата за БРТ системот, со 23 станици, вклучително и двата терминали на крајните точки, а автобусите ќе сообраќаат на секои […]

Скопје во пеколни горештини – денеска до 39 степени Целзиусови


Температури до 40 степени Целзиусови, летна жега. Скопје деновиве живее на пеколни горештини, а разладување се бара под сенките од дрвјата, покрај кеј, на Водно и во парк. Движењето низ градот претставува проблем и за старите и за младите. Граѓаните се заштитуваат од жешкото сонце со очила, шешири и марами од лесни материјали, префрлени преку […]