Почна теренската вакцинација – заинтересираноста е голема
Медицински тимови од ЗД Пробиштип, рано утрово започнаа вакцинација во село Турско Рудари. ЗД Валандово теренската вакцинација ја почна од село Чалакли.
Заинтересираноста на жителите е голема, а процесот на вакцинација се одвива одлично. Апелирам до граѓаните во што поголем број да се вакцинираат, вакцините се безбедни и ефикасни и единствен начин да се победи пандемијата. Процесот на теренска вакцинација ќе се одвива на територија на цела држава, медицински екипи ќе го посетат секое село, рурално населено место, населба, напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.
Теренската вакцинација почнува во населените места во општините:
Делчево – Дулица
Гостивар – Чегране, Форино, Врапчиште, Тумчевиште
Ресен – Долно Дупени, Љубојно, Брајчино
Штип – Три Чешми, Криви Дол, Врсаково, Сарчиево, Судиќ
Прилеп – Ропотово, Пешталево, Секирци, Рилево, Браилово, Г.Радобол, М.Радобил, Тројаци, Топлица, Ракле, Никодин, Царевиќ
Свети Николе – Лозово
Кратово – Сакулица(Татомир,Вакав), Шопско Рударе, Коњух
Виница – Грлани, Калиманци
Демир Хисар – Слепче, Белче, Граиште
Струга – Радожда, Калишта
Ростуше – Врбјане
Дебар – Новак, Брештани, Праленик, Коџаџик, Елевци, Долгаш
Струмица – Водоча, Вељуса,
Босилово – Секирник, Петралинци
Неготино –Криволак
Радовиш – Раклиш, Калузлија, Подареш, Ораовица
Пробиштип – Турско Рудари
Валандово – Чалакли, Башибос, Кочули, Прстен
Кочани – Облешево
Кичево – Аранѓел, Жубрино, Поповјани, Јагол, Јагол Доленци
Кавадарци – Бегниште, Ресава
Битола – Кравари, Оптичари, Егри, Жабени, Меџитлија, Кременица, Гермијан
Вевчани – Вевчани, Лабуништа, Подгорци, Октиси, Боровец, Јабланица, Таш Маруништа
Охрид – Подмоље, Оровник, Горенци, Требеништа, Волино
Македонски Брод – Самоков
Велес – Бањица, Отиштино, Раковец, Бусилци, Еловец
Крива Паланка – Дурачка Река, Станци
Куманово – Старо Нагоричане, Никуљане, Стрновац, Челопек, Алгуња, Драгоманце Добрача, Коинце, Пузаљка, Врачовце, Пелинце
Скопје – Буковиќ, Бојане, Ласкарци, Чајлане
Процесот за теренска вакцинација е организиран во соработка со здавствените домови од секој град, локалната самоуправа и месните заедници. Министерството за здравство секојдневно ќе информира преку соопштенија за денот и местата за теренско вакцинирање за Ковид-19, стои во соопштението.