Мицкоски вети брз крај на Кичево-Охрид – дури во 2026!


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој со години ја критикува актуелната влада за развлекувањето на изградбата на автопатот Кичево-Охид, вчера даде бисер изјава – дека ако тој и неговата партија дојдат на власт, ќе го завршат патот до 2026 година! Колку поблиску се до изборите и до доаѓањето на власта што ја очекуваат, тој […]

СДСМ ќе има свој претседателски кандидат, остава на ДУИ да одлучи дали ќе го поддржи


  СДСМ го направи својот чекор во однос на кандидатот за претседател за државата, иако не го соопштува неговото име. Претседателот на партијата, Димитар Ковачевски денеска изјави дека претседателскиот кандидат ќе се знае на крајот на февруари или на почетокот на март. Тој ќе биде подддржан од коалициските партнери на партијата. А дали ќе биде […]

Урсула фон дер Лајен сака уште пет години да ја води Комисијата


  БЕРЛИН – Таа сака уште пет години. По неколкумесечни шпекулации, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја објави својата кандидатура да стане главен кандидат на централнодесничарската Европска народна партија (ЕПП) за претстојните европски избори во јуни. Фон дер Лајен го објави ова за време на прес-конференција на настан од нејзината централно-десничарска партија […]

Бугарија ги киднапира Македонија и Албанија: Еди Рама во Минхен


  Пристапувањето на Албанија во ЕУ е блокирано поради несогласувањата меѓу Северна Македонија и Бугарија. Да го искористиш местото во ЕУ како лост против соседите е најантиевропската работа што може да се замисли. Ова го изјави албанскиот премиер Еди Рама на панел дискусијата „Балканот во фокус“ ​​во рамките на 60. Минхенска безбедносна конференција. На дискусијата […]

Нов конгрес, нов лидер: Села на чело на Алијанса на Албанците, Таравари разрешен


Ривалството меѓу двата спротивставени таборо во Алијанса за Албанците продолжи и  денеска, на вториот партиски конгрес што се одржа во рок од само неколку дена и на кој крилото на Зијадин Села го избра за претседател на партијата, а истоврмено го разреши од функцијата Арбен Таравари. Пред само два дена вонреден конгрес на Алијанса за […]

Приведен шефот на обезбедувањето на Мицкоски, нападнал колега полициски службеник


Шефот на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Ивица Б., рано изутрината нападнал колега полицаец кој извршувал службени дејствија, а веднаш по нападот бил лишен од слобода. Како што објави „360 степени“ , повикувајќи се на непотврдени информации, полицијата, во потрага по дрога, сакала да изврши претрес во познат скопски локал, но Ивица Б., […]

Навални мораше да умре за Путин да остане бесмртен


„Причината за смртта се истражува“, објавија руските затворски власти откако Алексеј Навални почина во Казнената колонија бр. 3 веднаш над Арктичкиот круг во петок. Но, од која страна и да погледнете, веќе е јасно што го уби: непријателството на Владимир Путин. Со години, Навални и рускиот претседател се затворени во брутална битка која  немаше да […]

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални умре во затвор


  Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални почина во затвор, соопшти тамошната затворска служба, во она што веројатно ќе се смета како политичко убиство кое му се припишува на Владимир Путин. Навални (47), еден од највидливите и најупорните критичари на Путин, беше држен во затвор на околу 70 километри северно од Арктичкиот круг каде што беше […]

Проектите на трасата Кичево – Охрид се од 18. век: Првиот човек на „Гранит“ за проблемите на автопатот


  Мостовите на автопатот Кичево – Охрид се направени, ние ги направивме и тоа пред рокот, а трасата не се пушта зашто има лоши проекти за косините. Само што ќе се направат косините, ќе паднат. Имаме поголема загуба таму. Во овој момент држиме механизација од околу 40 милиони евра која не ја покрива ниту основната […]

Вашингтон наскоро ќе предложи создавање палестинска држава


  Администрацијата на Белата куќа разговара со своите партнери од Блискиот Исток за план за долгорочен мир меѓу Израел и Палестинците, вклучително и „јасна временска рамка“ за создавање на палестинска држава, дознава „Вашингтон пост“. Според весникот, кој се повикува на американски и арапски претставници, планот за кој се расправа вклучува шестнеделен прекин на огнот во […]

Грција се согласила за брза пруга Солун – Скопје – Белград – Будимпешта


  Брза железничка линија ќе ги поврзува Солун – Скопје – Белград – Будимпешта. Тој е дел од Трансевропскиот коридор 10. Грција последна се приклучи на проектот. Ова се случило за време на српско-грчкиот бизнис форум во Белград оваа недела, објавија српските медиуми. „Грчкото учество во изградбата на брзата железничка линија од Грција преку Северна […]

Арбен Таравари ги отвори картите што одамна ги чуваше


  На почетокот на февруари сѐ уште актуелниот лидер на Алијансата за Албанците (АА), Арбан Таравари, изјави дека трите партии од албанската опозиција го наговараат да биде нивни заеднички претседателски кандидат (а и на АА), но дека тој не сакал да влегува во таква политичка авантура. „Албанската опозиција има разговарано со мене јас да бидам […]

Како САД го осиромашија Косово и што значи тоа за Украина?


  Малиот брат на Џорџ В. Буш беше збунет. „Значи дали сте Албанка? – Нил Буш ја праша поранешната амбасадорка на Косово во Вашингтон, Влора Читаку, на вечера во најдобриот хотел во Приштина минатиот јули. „Да“, му рече таа на братот на поранешниот американски претседател, кој штотуку пристигна неколку часа претходно со црн ренџ ровер […]

СДСМ ќе оди со свој кандидат на претседателските избори, објави Ковачевски


  Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за МИА, изјави дека партијата ќе оди со свој кандидат за претседател, кој ќе биде поддржан од голем број нивни коалициски партнери.  Според Ковачевски, нивниот кандидат ќе дели европски вредности и нема да ги дели граѓаните на ниту по еден основ, додавајќи дека актуелниот претседател Стево Пендаровски […]

Допис од Брисел не е приказна за мали деца: Пендаровски ѝ возвраќа на ДУИ


  Претседателот Стево Пендаровски денеска ѝ возврати на Демократската унија за интеграција на нејзината забелешка дека направил грешка биде со непотпишувањето на Законот за игри на среќа, велејќи дека „писмен допис од Брисел не е приказна за мали деца“. Пендаровски од Тетово порача дека Европската унија сериозно укажува на злоупотреба на можноста со европско знаменце […]

Џафери во Брисел, со Мишел разговараше за интеграцијата на Македонија


  Премиерот на техничката влада, Талат Џафери, е во Брисел каде што има средби со врвните раководители на Европската унија. Денеска тој се сретна со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на која беа разменети ставови за поддршката на Европската унија во процесот на евроинтеграции на Северна Македонија, како и за текот на реформските процеси […]

Украинските сили потопија голем руски десантен брод во Црното Море (Видео)


  Украинската војска во средата соопшти дека потопила голем руски десантен брод во Црното Море користејќи поморски дронови, извештај што не е потврден од руските власти. Амфибискиот брод „Цезар Куников“ потона во близина на Алупка, град на јужниот раб на Кримскиот Полуостров што Москва го анектираше во 2014 година, соопшти Генералштабот на Украина. Се вели […]

Пендаровски не го потпиша указот за Законот за игри на среќа


  Претседателот Стево Пендаровски одлучи да не го потпише Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, што Собранието го донесе на седницата одржана на 7 февруари 2024 година. Одлуката, како што соопштува Пендаровски, е донесена врз основа на детална анализа на текстот на Законот […]

Еве какви се прогнозите за раст на БДП во 2024 година и каде е Македонија


  Растот на БДП и падот на инфлацијата поттикнуваат посветла перспектива за 2024 година, иако претпазливоста останува во глобалните економии. Додека инвеститорите се надеваат дека намалувањето на каматите во САД би можело да се случи уште во мај, ФЕД сигнализираше дека нема да „прогласи победа“ прерано. Додека земјите ширум светот се снаоѓаат со комплексниот пејзаж, […]

Грците не пуштале на „Богородица“ возила со стари сообраќајни дозволи


  Од денеска почна применувањето на одредбата од Преспанскиот договор за употребата на пасошите и сообраќајните дозволи со новото уставно име за излез преку границата. Генерално нема проблеми, но грчките погранични служби на преминот „Богородица“ ги враќале патниците кои сакале да влезат во соседната земја со возила кои имале сообраќајни дозволи со старото уставно име. […]