Каролина Кенеди го прошета принцот Вилијам во библиотеката на ЏФК
САД– Најмладото дете на Каролина Кенеди, Џек Шлосберг, секако ги носи убавите гени од кланот Кенеди. 29-годишниот адвокат толку многу личи на неговиот покоен вујко Џон Ф. Кенеди, кој загина во авионака несреќа, дури ја имаат истата густа и кадрава коса.
Шлосберг го поздрави принцот Вилијам по неговото пристигнување во Претседателската библиотека и музеј Џон Ф. Кенеди во Бостон во петокот заедно со неговата мајка и сестра, Татјана Шлосберг. Облечен во црн костум со црно-зелена вратоврска на риги, тојзазеде поформална поза додека зборуваше со принцот од Велс.
Исто така, пригодно е што семејството Кенеди често се смета за американско кралско семејство, па двете моќни семејства се здружуваат заедно. Тоа е исто така добар начин за Џек да ги тестира потенцијаит за идна политичка кариера – нешто што неговиот покоен вујко никогаш не го исполнил – и да го продолжи наследството на Кенеди за уште една генерација.
Во меѓувреме, принцот Вилијам ја обиколи претседателската библиотека и музеј Џон Ф. Кенеди со американската амбасадорка во Австралија, Каролина Кенеди, неговата ќерка.
Принц Вилијам при тридневната престој во Бостон го посети и престижниот универзитет Харвард и имаше получасовна средба со претседателот Џо Бајден.