„Каролина Херера“ толку го сака Њујорк што му посвети љубовна колекција


САД- Во време на виртуелна мода и откажување на ревии и Модни недели во живо, славната модна куќа „Каролина Херера“ се подготвува за прослава.

Одбележувајќи ја 40-годишнината од брендот, креативниот директор Вес Гордон дизајнира колекција во чест на Њујорк во име на љубовта -љубов еден кон друг, љубов кон себе и љубов кон класичното балско здолниште на Херера.

Изработен во боите на виножитото, враќајќи се на симболичната тоалета на гордоста на Лена Вајт на Мет Гала 2018, и во блуза со срциња, изгледот е чист Херера, како и ажурираната бела кошула работена со апликации на срце, везови и кристали, преку обични шорцеви по кој е препознатлива класичната Херера.

„На луѓето им недостасува Њујорк, без разлика дали доаѓате како турист со семејството и пријателите, или живеете тука и ви недостасува дури и во пандемија“, рече Гордон. „Тоа е состојба на ум која не е ексклузивна, таа е на национално ниво и глобална на ист начин како Модната недела во Њујорк што ги допира не само Њујорчаните туку и цел свет. Тоа е нешто што целата земја треба да го слави и да се гордее “.

Иако настанот е далеку од од раскошниот амбиент кога дизајнерката Каролина Херера беше домаќинка на нејзиното прво модно шоу  во 1981 година – одржано во Метрополитен клуб , каде беа потребни вратоврски, а гости беа Дијана Вриленд, Енди Ворхол, Бјанка Џегер – ДНК-та на брендот не се смени дури и откако стана дигитална и глобална, проширувајќи се со модни додатоци, парфеми, очила за сонце и козметика. Американската етикета е синоним за префинетост, елеганција и непобитен шик.

Брендот го носат славни личности и први дами, а Вес Гордон го дизајнираше сега веќе познатиот бел костум што потпретседателката на САД Камала Харис го носеше изборната вечер . 

Кога во февруари 2018 и официјално беше објавено дека Каролина Херера ќе ја претстави својата последна ревија како шеф дизајнер на сопствениот бренд, тоа беше крај на една модна епоха.

Модната куќа,основана во 1980 година, беше преземена од Вес Гордон, кој со неа  создава свои колекции.

На 81-годишна возраст, Херера е една од последните основачи дизајнери на модни куќи, а на овој терен остана да твори единствениот Ралф Лорен. (според агенциите)