Каролина Гочева со нов албум: Преработки на македонски евергрини со Бојаџиев и Лумановски


Есенва ќе биде готов новиот албум на поп-ѕвездата Каролина Гочева. Станува збор за албум со 11 песни, преработки на најубавите македонски евергрини, во соработка со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски.

„Многу се радувам што конечно можам да Ви го најавам мојот нов албум – проект на кој заедно со @dukebojadziev и @ismail_lumanovski работевме скоро две години. Албумот го снимивме на почетокот на оваа година, во јануари, додека идејата за истиот се роди уште во 2016та, после нашиот прв заеднички настап, на еден концерт на Дуке. Избравме и преработивме 11 од најубавите македонски евергрини од 50ти, 60ти, 70ти години- златната ера на македонската музика, потпишани од некои од нашите најмаркантни автори како Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица…

За неколку дена ќе може да го слушнете првиот сингл ‘Идила’, додека целиот албум ќе биде достапен наесен.

Секако дека планираме и нестрпливо го чекаме денот кога со вас ќе се дружиме и во живо, што ќе се случи во прва прилика штом ќе може да се работи онака како што се работеше до пред појавата на пандемијата. Се надевам дека ќе уживате во овој проект толку колку што и ние уживавме во целиот процес на неговото создавање. Во меѓувреме, погледнете мала најава за ‘Идила’. Ве сакаме“, напиша Каролина на својот Инстаграм профил.