Караван од 1.000 мигранти тргна од јужниот дел на Мексико кон САД


(Фото:Википедија)

Караван од повеќе од 1.000 мигранти од Латинска Америка тргна од јужно Мексико кон северот и границата со САД ноќта меѓу саботата и неделата, и покрај војната против илегалната имиграција што ја прогласи американскиот претседател Доналд Трамп.

Некои од мигрантите рекоа дека сè уште „се надеваат дека ќе можат да влезат во САД“, дури и откако Трамп ја суспендираше можноста на луѓето да добијат азил од Мексико.

-Решивме да одиме на граница и ќе ни дадат одговор. „Се уште се надеваме дека ќе влеземе во САД“, рече 37-годишниот Венецуелец.

Како што најави Трамп за време на неговата изборна кампања, САД почнаа да протеруваат стотици илегални имигранти користејќи воени авиони, при што Белата куќа се пофали дека ја започнала „најголемата операција за масовна депортација во историјата“.