Каракачанов: Македонците страдаат од сопствената глупост

Склучивме договор меѓу две земји-партнери, а не меѓу непријатели. Денеска страдаат Македонците. Бугарија е во ЕУ и НАТО. Тие страдаат од сопствената глупост, кажа лидерот на бугарската партија ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, во изјава за „БНТ“, додавајќи дека посетата на бугарскиот премиер на Скопје претставувала грешка.
– Ново е што испратија како официјална нота до ОН дека името Северна Македонија се однесува само на територијата на нивната Република Северна Македонија. Тоа е добро, но погледнете ја реакцијата на македонскиот претседател по средбата со нашиот премиер, па затоа велам дека нашиот премиер нема многу причини за оптимизам – смета Каракачанов.
Тој му замерува на Петков и што не го негирал постоењето на фашизмот во Бугарија.
– Не можете да одите и да кажете дека во Бугарија имало фашистички режим, но Бугарите не биле фашисти. Тој мораше да им одговори, господа, немаше фашизам во Бугарија и тоа е научно докажано и треба да ставите крај на овие југословенски и советски клишеа – додаде Каракачанов.
Опозицискиот лидер се осврна и на најавите за воспоставување авионска линија меѓу Софија и Скопје.