Кански филмски фестивал: 20 најгламурозни двојки на сите времиња (галерија)


Џери Хол и Мик Џегер

Франција– Што се однесува до филмските фестивали, Канскиот филмски фестивал се смета за најромантичен. За време на 74-годишното одржување на фестивалот, Азурниот брег служеше како позадина за споени синеасти во големи очила за сонце и славни марами на главата на Хермес. За да го прослави над седум децениското постоење на фестивалот Вог се осврнува на некои од најгламурозните двојки што се појавија во Кан – од Јоко Оно и Џон Ленон, до Џони Деп и Кејт Мос.

Брижит Бардо и РожеВвадим

Почетокот на славниот момент на славни двојки на фестивалот беше во 1955 година, кога Грејс Кели – пред да стане принцеза на Монако – присуствуваше на Кан со француската филмска ѕвезда Жан Пјер Амон . Во класичен смокинг и црна тоалета со крзнен шал-наметка, тие изгледаа како дел од елегантно, старо холивудско дуо. Во 1977 година, Шарлот Рамплинг и Жан Мишел Жар во Кан беа заедно облечени во своите костуми.

Елизабет Тејлор и Мајкл Тод

Во поново време, кој може да заборави кога Џорџ и Амал Клуни се појавија на црвениот килим во Кан во 2016 година. Џорџ Клуни можеби беше ѕвездата што го промовираше својот нов филм „Money Monster“, но вниманието го украде  неговата сопруга – облечена во жолта тоалета на Версаче. Во 2019 година, Пријанка Чопра Џонас и Ник Џонас исто така командуваа со папараците во модерен, бел изглед: Чопра носеше  скулптурен фустан од Жорж Хобејка, додека Џонас избра елегантен костум на Берлути. Додека сите овие моменти во стилот на двојки се огромни и разновидни, едно останува вистинито за килимот во Кан: Двајца се секогаш подобро од еден (Вог).

Лорен Бакал и Хемфри Богарт
Пол Њумен и Џоан Вудворд
Грејс Кели и Жан Пјер Омон
Роми Шнајдер и Ален Делон
Џон Ленон и Јоко Оно
Шарлот Ремплинг и Жан Мишел Жар
Принц Чарлс и Леди Дајана во Кан, 1987 година
Деми Мур и Брус Вилис
Кејт Мос и Џони Деп
Блејк Лавли и Рајан Рејнолд во Кан, 2014 година
Салма Хајек и Франсоа Пино во Кан, 2015
Пенелопе Круз и Хавиер Бардем во Кан, 2018
Џорџ Клуни и Амал Клуни во Кан, 2016
Винсент Касел и Тина Кунаки во кан, 2018
Елтон Џон и Дејвид Фурниш во Кан, 2019
Пријанка Чопра и Ник Џонас во Кан, 2019