Каналот во Балтимор отворен два и пол месеци откако брод го уништи мостот
Бродскиот канал на пристаништето Балтимор е повторно отворен, 11 недели откако мостот „Френсис Скот Ки“ се урна кога товарен брод удри во него, јавува Би-би-си.
Изградбата на мостот ќе трае повеќе од четири години
Инженерите на американската армија рекоа дека преминот сега е „безбеден за сообраќај“.
За потсетување, товарен брод удри во мост во Балтимор на 26 март, при што се урна мостот и загинаа шест работници.
Екипите мораа да отстранат 50.000 тони остатоци, а приближно 2.000 спасувачки екипи, вклучително и стотици експерти од целиот свет, работеа на отстранување на купишта челик и бетон. Екипажот се уште е на бродот, два и пол месеци по уривањето на мостот.
Обновата на мостот ќе трае повеќе од четири години и ќе чини до 1,9 милијарди долари, соопштија државните власти на Мериленд.