Канадски милијардер купува 26,9 отсто од „Економист“


Канадскиот милијардер Стивен Смит и неговата семејна холдинг компанија постигнаа договор за купување малцински удел во издавачот на списанието „Економист“, соопшти компанијата.
„Смит“ и „Смит Фајненшл Корп.“ склучија договор за купување на 26,9% удел во „Економист Груп“ од постојните акционери, Лин Форестер де Ротшилд, нејзиното семејство и нејзината семејна фондација, соопштија компаниите во соопштенија испратени по е-пошта.

„Оваа инвестиција ја одразува целосната поддршка на г-дин Смит за долгогодишната традиција на ‘Економист’ за строга уредничка независност и ќе овозможи стратегијата и работењето на ‘Економист’ да останат непроменети“, изјави портпаролот на Смит.

Договорот е предмет на одредени услови за заклучување, соопшти компанијата. Цената на трансакцијата не беше откриена. Веб-страницата „Хорајзон“ претходно објави дека Смит сака да го купи уделот.