Кампањата на Бујар Османи отиде во Радовиш и Штип
Претседателскиот кандидат на „Европскиот фронт“, Бујар Османи, денеска беше во Штип и Радовиш придружуван од првиот човек на Турската демократска партија (ТДП), Бејџан Иљјас. Во Радовиш беше отворен изборен штаб на ТДП во Радовиш, а потоа имаше партиски митинг во Штип.
Османи им се заблагодари на граѓаните за поддршката: „Поддршката е најголемата чест во животот што ми ја давате. Ќе ја почитувам вашата поддршка со целото мое битие. Нема да ве разочарам. Верувам дека оваа земја заслужува повеќе. Сакам сите заедници да успеат во и низ оваа држава. Затоа го формиравме овој ‘Европски фронт’. Да поставиме ѕид против национализмот, ѕид против изолација и блокада и да овозможиме европска интеграција. На овие избори не зборував за себе, затоа што изминативе седум години имавте можност да ме оцените“, рече Османи пред присутните.
Османи вети дека доколку ја добие поддршката, Северна Македонија ќе биде членка на ЕУ до 2030 година. Тој истакна дека тоа е единствената алтернатива за младите да не си одат од државата.