Кампања „Поттикни МИР“
„Поттикни МИР“ е насловена кампањата што ќе биде промовирана денеска како дел од програмата за мировно образование при Првата детска амбасада во светот Меѓаши.
-Во фокус на кампањата е преземање акција и поттикнување промена на локално и индивидуално ниво.Целта е да се покаже дека секој/а од нас има општествена одговорност да го гради и одржува мирот, а мирот може да се гради само ако прифатиме дека мирот не е само отсуство на војна, ниту дека е моментна состојба туку константен процес кој директно зависи и од нашите акции, најавуваат од МЕЃАШИ.
Детали за кампањата на прес-конференција ќе соопштат Драги Змијанац, претседател и основач на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, како и Фатмире Ајдари и Ана Битољану, членки на тимот на Меѓаши.