Камерман на Фокс њуз убиен во Украина
Фокс њуз потврди дека нивниот камерман Пјер Закржевски бил убиен додека известувал во Украина во понеделникот. Новинарот бенџамин Хил, кој бил сонего, е ранет и е во болница. На нив се пукало во местото Хоровка во близина на Киев.
Извршниот директор на Фокс Њуз, Сузан Скот, утрово им напиша на вработените:
„Со голема тага и тешко срце утрово ја споделуваме веста за нашиот сакан снимател Пјер Закржевски“.
Закржевски беше со дописникот Бенџамин Хол „кога нивното возило беше погодено од оган“, рече Скот. Хол останува хоспитализиран во Украина, додаде тој.
„Пјер беше фотограф од воената зона кој покриваше речиси секоја меѓународна приказна за Фокс њуз од Ирак до Авганистан до Сирија за време на неговиот долг мандат со нас.
Неговата страст и талент како новинар беа неспоредливи. Со седиште во Лондон, Пјер работеше во Украина од февруари“.