Калиопи со концерт во Народниот театар ,,Јордан Хаџи Костадинов – Џинот” во Велес


Поп-ѕвездата Калиопи (55), по седум години откако го одржа својот последен солистички концерт во Битола, повторно најави самостоен концерт во земјава, и тоа во Велес, во Народниот театар ,,Јордан Хаџи Костадинов – Џинот”. Настанот е закажан в сабота (26 ноември), во 20 часот на големата сцена ,,Петре Прличков”.

Како што е наведено во најавата за концертот, таа настапува во Велес на покана од Народниот театар. Нејзиниот поранешен сопруг, актерот Васил Зафирчев, со кого Калиопи и по разводот остана во пријателски односи, е уметнички директор во театарот.

Изминативе години ѕвездата со најмногу хитови меѓу пејачките имаше голем број на концерти во регионот. Освен што е активна на поп сцената, таа компонира музика за балет и театар. Беше актуелна со балетската претстава ,,Госпоѓиците од Авињон” за која музиката ја компонираше . Изминатиов месец Калиопи беше домаќинка на дел од актерите од Белградско драмско позориште кое гостуваше две вечери  на сцената на Македонскиот народен театар со претставата „Лет над кукавичкото гнездо“, во режија на Жанко Томиќ, создадена по текстот на Кен Кеси и Дејл Васерман и со Драган Бјелогрлиќ во главната улога. 

Исто така, изминатиов викенд, на Фестивалот на младо вино во винарската визба „Тиквеш“  Калиопи имаше забележителен настап.