Како Тито зборува на англиски за време на посетата на Лондон во 1953 (Видео)
За Јосип Броз Тито се знае многу, но и малку. Приказните за претседателот на Југославија сѐ уште се интересни, па ви пренесуваме мал клип од историјата, снимка од 1953 година.
Познатиот филмски магазин „British Pathe“ пред неколку години го објави најголемиот дел од својата архива на Јутјуб. На снимките кои ги бележат сите најзначајни настани во историјата на 20 век, има и оние поврзани со просторите на Балканот.
Меѓу нив беше и видеото од Јосип Броз Тито во посета на Велика Британија во 1953 година.
Тито стигна на островот со бродот „Галеб“, а го пречекаа премиерот Винстон Черчил, министерот за надворешни работи Ентони Идн, како и сопругот на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип.
Тоа беше прв пат маршалот да ја напушти Југославија по расколот со Советите, па безбедносните мерки во Лондон беа огромни. Тито низ градот беше возен блиндиран автомобил, а тајна била дури и локацијата на куќата во која престојувал за време на неговиот престој.
Со него речиси цело време е и британскиот премиер Черчил. Тие двајца добро се познаваа од Втората светска војна, а Тито имаше ореол на голем борец против нацистичка Германија.
Сепак, се случи еден помал инцидент. Димна бомба експлодирала недалеку од местото каде што „Галеб“ се закотви во пристаништето. Улицата беше покриена со чад, но Тито едноставно влезе во блиндиран автомобил и се оддалечи.
Тамошните медиуми пишуваат дека најверојатно станува збор за припадници на југословенската емиграција во Британија кои на овој начин сакале да го изразат својот протест.
Снимката е интересна и поради тоа што на неа се слуша како Тито зборува англиски.
„Сакам да му порачам на народот на Велика Британија дека жителите на мојата земја треба да се сметаат за искрени сојузници бидејќи народите на новата Југославија имаат исти цели како и народот на Велика Британија“, рече југословенскиот претседател во кратката изјава дадена на бреговите на Темза.
Под видеото има многу коментари, а ова се само дел од нив.
„Тогаш бевме виолини, а сега сме труби“
„Запомнете, никој од територијата на поранешна Југославија никогаш не бил вака почитуван“.