Како настанала Ноќта на вештерките и зошто се слави?
Ноќта на вештерките како што ја нарекуваат Американците или „Халовин“, е ноќ на сите Светци и се одбележува во вечерните часови на 31 октомври. Оваа ноќ се одбележува на специфичен и интересен начин, со случувања и забави каде учествува речиси цела општествена заедница.
Се одбележува првенство во земјите како Ирска, САД, Канада, Порторико, Австралија и Нов Зеланд. Подоцна одбележувањето на Ноќта на вештерките се прошири и на многу други земји, особено кај оние каде има католичко население, затоа што се одбележува во очи Сите светци.
Едно од објаснувањата зошто се одбележува Ноќта на вештерките, вели дека Келтите 1 ноември го сметале за почетокот на новата календарска година и прославата на ноќта претходно ја посветувале на богот на Сонцето и господарот на смртта.
Верувале исто така, дека во ноќта меѓу 31 октомври и 1 ноември, мртвите излегуваат од своите гробови и поминуваат низ местата каде живееле на овој свет, а живите тогаш во страв од нив прават врева за да ги избркаат плашејќи се од средбата со нив.
Римјаните подоцна исто така му дадоа значење на оваа ноќ, а ја сметаа како премин во зимата, темниот период во годината. Тие во Ноќта на вештерките го гаселе огнот во огништата и верувале исто така дека мртвите доаѓаат на овој свет, па различен зелечунк, претходно издлабен, го оствале пред својата куќна врата за да ги истераат починатите. Сега тоа се најчесто тикви, односно во поголемиот дел од светот каде што се одбележува оваа ноќ, а која ја прифатиле од Американците.
Во осмиот век, папата Гргур Трети, одреди 1 ноември да се одбележува како Ден на сите светци и маченици, а со испреплетувањето на оваа традиција од Келтите доаѓа до Ноќта на вештерките како што сега ја познаваме.
Халовин сега поприма размери на светска прослава. Воедно ова е датум на кој му се радуваат и трговците, кои задоволно ги тријат рацете, затоа што продаваат голем број маски и костими, како и други реквизити, потребни за модерниот начин на одбележување на Ноќта на вештерките.
Одредени ТВ куќи ја прилагодуваат својата програма на овој датум, па така пуштаат хорор филмови за оние кои го одбележуваат да имаат подобро чувство и секако како би привлекле публика на тој ден. Често по овој повод и во угостителските објекти се организираат забави, но тоа веќе не е ниту блиску на традиционалното одбележување на Ноќта на вештерките.
И Холивуд обожава да се маскира за Халовин, а манекенката Хајди Клум заради неверојатните маски е прогласена за Кралица на Халовин.