Како Ќиро Блажевиќ стана првиот Босанец кој ги победи Словенците во скијање


 

Поранешниот селектор на репрезентацијата на БиХ, Мирослав Ќиро Блажевиќ (87) на Фејсбук објави фотографии со кои се присети на анегдота од младоста.

Место фудбал, тогаш остварувал скијачки успеси и станал „првиот Босанец кој ги победил Словенците во скијање.

„Денеска, еден пријател ми прати фотографија од Влашиќ. Тука ги направив првите скијачки чекори и оттаму со само 17 години заминав да го освојам државното првенство во Сараево… До тогаш беше незамисливо да го освои кој било друг освен Словенците, а тогаш – само во фланелска кошула на себе – се појави Ќиро. Би лажел кога би рекол дека емоциите не ме преплавија додека ја гледав оваа снежна убавина“, напиа Ќиро под сликите. Едната е од Влашиќ сега, а на другата тој трчка со скии со број 14 на градите.

Натпреварувањето се одржало во 1952 годна, а Блажевиќ настапувал јаји претставник на јуниорската селекција на Травник.

Го освоил првото место во скијачко трчање на 10 км.