Како хоросопските знаци реагираат на изневерувањето: Водолиите ангажираат адвокат, Вагите ги интересира мотивот


Изневерувањето ќе има сериозни последици за Ракот

ОВЕН
Се лутите, викате и тропате наоколу, а партнерот го „частите“ со порција навреди. Не знаете да простите и не сакате да простите, па веднаш помислувате на развод или конечна разделба. Изневерувањето го доживувате како личен пораз, поради што губите секаков интерес за партнерот.

БИК
Откако ќе дознаете за изневерувањето, ви треба време да разберете што всушност се случило. Вашиот првичен блок и чудната смиреност со која добивате вакви вести се само смиреноста пред бура. Кога ќе ја откриете вистинската состојба на работите, се лутите и навредувате, го туркате партнерот или заминувате сами. Кога вашиот гнев ќе стивне, подготвени сте да се вратите назад и да започнете од почеток.

БЛИЗНАЦИ
Во моментот кога ќе слушнете дека партнерот ве изневерил, мислите дека само се шегува. Ќе барате докази дека тоа навистина се случило и дури кога ќе сфатите дека е вистина ќе почнете да ве фаќа хистерија. Но, бидејќи вашиот гнев обично трае кратко, знаете како да му простите на партнерот и да обезбедите можност за нов почеток во љубовта.

РАК
Изневерувањето остава трајни последици кај вас. Доколку партнерот ве изневерувал, во секоја наредна врска ќе бидете оптоварени со помислата дека тоа искуство повторно ве очекува. Додека ги обожавате децата и сакате повторно да го обедините семејството по секоја цена, подготвени сте да простите и да надминете сè.

ЛАВ
Покрај тоа што сте повредени, ве оптоварува и исмејувањето на околината и свеста дека идеалната слика за вашиот брак или врска е уништена во очите на другите. Иако сте дарежливи по природа, тешко ќе ви биде повторно да му верувате на партнерот и тоа е главната причина зошто сте подготвени да го оставите.

ДЕВИЦА
Кога ќе дознаете за неверството, веднаш ќе ангажирате адвокат кој ќе ви открие што добивате, а што губите со разводот. Мирно, како да му се случува на некој друг, ќе се обидете да внесете нов ред и смисла во вашиот живот, но без поранешниот партнер.

ВАГА
Ќе се обидете да ги разберете мотивите за неверството на партнерот и дипломатски ќе се обидете да го измазнете проблемот. Знаете да простите под мотото дека е човечки да грешиш. Дури и кога ќе сфатите дека љубовта ја нема, останувате приврзани за партнерот, борејќи се за продолжување на врската.

СКОРПИЈА
Веднаш ќе посакате да дознаете која е личноста која ви го узурпирала приватниот живот, а потоа да му се одмаздите. Во истиот момент завршува вашата врска со партнерот. Подготвени сте да раскинете, без разлика дали се работи за врска или брак во кој имате деца.

СТРЕЛЕЦ
Ќе се обидете да ги разберете и да ги откриете причините за измамата. Нема веднаш да размислувате за развод или раскинување, туку ќе се обидете да разговарате, за заедно да видите колку има љубов и можност да ги исправите грешките.

ЈАРЕЦ
Ќе ја трпите дрскоста или несогласувањето на партнерот, но никогаш не лажете! Без да се прашувате зошто воопшто се случило, го оставате партнерот без воопшто да размислувате за помирување. Ќе се трудите што побрзо да го заборавите целиот настан, но тој ќе ве следи, како најлошиот кошмар, долго време.

ВОДОЛИЈА
Свесни сте дека измамата е честа појава во густиот „сообраќај“ на љубовни врски и бракови, па ова нема да ве шокира. Можеби се обвинувате себеси за промовирање на слободата во врската. Нема само така да ја прекинете врската, дури ќе го зголемите интересот и разбирањето за партнерот.

РИБИ
Толку се врзувате за партнерот што понекогаш останувате слепи за неговото неверство. Не сакате да ја видите вистината и фактичката состојба, а ако оваа вистина болно ви ја сервира партнерот, ќе станете хистерични и ќе паднете во депресија, но нема да го напуштите партнерот дури и да знаете дека не сте сакани.