Како древна вазна на Маите, стара речиси две илјади години, завршила кај Американка


Мексико успеа да врати античка вазна од Маите, која Американка ја купила за само четири долари во сиромашна локална продавница.

Станува збор за артефакт стар помеѓу 1.200 и 1.800 години, а вазната е вратена во Мексико од жена која ја купила оваа вазна за жална цена. Поради ова, таа доби посебна благодарност од мексиканскиот амбасадор во САД.

„Вреден сведок за нашата историја на Маите доаѓа дома благодарение на великодушноста на Ана Ли Дозиер. Овој историски скапоцен камен ќе биде реинтегриран во колекцијата на Националниот музеј за антропологија и историја на Мексико за да се зачува нашето богато културно наследство“, мексиканскиот амбасадор во САД, Естебан Моктезума Бараган напиша на интернет X.

Како што изјави таа за Националното јавно радио во написот објавен во петокот, кој се однесува на необичната приказна, Дозиер ја купила вазната за која станува збор околу 2019 година во продавницата 2A Thrift во Клинтон, Мериленд, каде што била на полицата.
Дозиер мислеше дека вазната е стара – но не повеќе од три децении, изјави таа за NPR. Таа, која е застапник за човекови права во Christian Solidarity Worldwide, се заинтересирала за грнчарството бидејќи работела со домородните заедници во Мексико и ѝ се чинеше дека делото има некаква поврзаност со земјата.

„Мислев дека би било убаво да се однесе дома и да се стави на полица, потсетувајќи ме на Мексико“, вели таа, додавајќи дека за вазната платила четири долари.

Дозиер потоа отпатува во Мексико Сити на службено патување во јануари, го посети Националниот музеј за антропологија и виде други вазни на Маите изложени кои беа неверојатно слични на онаа што таа ја имаше дома, според NPR. Таа не била целосно убедена дека има автентична вазна од Маите дома, но на службеникот на музејот му рекла дека дома има вазна која наликува на изложените, кој пак и препорачал да се јави во мексиканската амбасада.

Дозиер испрати слики од вазната заедно со опис на нејзините димензии. Националниот музеј за антропологија одговори дека таа има автентична реликвија – која Мексико сака да ја врати. Без размислување решила да ја врати вазната, а вчера била одржана церемонија по повод примопредавањето на предметот, пренесува Гардијан.