Како да разликувате Ковид-19 од грип?
Симптомите на Ковид-19, кои вклучуваат температура и кашлица многу се слични со некои други болести, а една од нив е и грипот.
Како што се ближи сезоната на грип, потребно е да знаеме да ги разликуваме симптомите за да знаеме за која болест станува збор. Нова студија малку го олеснува ова и новите податоци може да им олеснат на луѓето да ги разликуваат симптомите.
Научници од Универзитетот во Калифорнија успеаја да препознаат по кој редослед се јавуваат симптомите.
– Редоследот на јавување на симптомите е особено важен да се знае кога имаме преклопување на болестите, како грип и Ковид-19, чии симптоми се многу слични – вели Питер Кун, лекар и професор на споменатиот Универзитет. – Лекарите на тој начин може да ги преземат соодветните чекори за подобра грижа за пациентот и да превенираат сериозни последици – објаснува тој.
Научниците користеле познати податоци
За да го предвидат редоследот на јавување на симптомите на болеста, анализирале податоци кои ги собрала Светската здравствена организација од 55.000 заразени лица во Кина. За да споредат симптомите на Ковид-19 и грип, научниците анализирале и податоци од 2.000 позитивни случаи во Америка и во Европа.
По кој редслед се јавуваат симптомите?
Според податоците од студијата, овој е редоследот на јавување на симптомите кај Ковид-19:
1. Температура
2. Кашлица и болка во мускулите
3. Мачнина и повраќање
4. Дијареа
– Истражувањата открија дека пациентите со грип често прво патат од кашлица, па дури потоа развиваат температура, појаснува д-р Роберт Глатер.
Во стварноста не е така едноставно затоа што грипот може да се јави со лепеза симптоми, од болка во грбот до кашлица. Глатер вели дека резултатите од студијата може да бидат корисни кога во прашање е процената кај погoлем број пациенти кои во болницата ќе дојдат со симптоми. Според резултатите, грипот почесто ќе се јавува со кашлица, додека првиот симптом на Ковид-19 е температура.
Авторите на студијата додаваат дека резултатите од истражувањето се важни за препорзнавање на состојбата на пациентот во моменти кога во медицинските установи ќе биде голем метеж.
Секако, овие резултати од истражувањето не се правило кое важи секогаш. Глатер ги споредли своите искуства во лекувањето пациенти во Њујорк.
– Во суштина додека темпратурата е прв симптом на заразата со корона вирус, она што го гледам кај своите пациенти е често лепеза од симптоми. Кај некои се јавува губење на вкус, но и промени на прстите како последица на инфекцијата, а сето тоа без температура, кашлица или други симптоми.
Имал и пациент кој се жалел на главоболки и вртоглавици, што може да се помеша со симптоми на мозочен удар.
– Исто така примив пациенти кои се жалеа само на болка во градите, без други респираторни симптоми – вели тој.
Според него, важно е лекарите да бидат свесни за сите симптоми кои може да се јават и не мора да се пази на нивниот распоред.
Важно е да се разбере како се развиваат симптомите
– Важно е да може што побрзо да се спречи заразата и да се знае како симптомите се развиваат – да се изолира и да се следи случајот е од огромна важност затоа што овој вирус, за разлика од грипот се шири три пати побрзо – смета Глатер и заклучува дека симптоми како губење мирис и вкус како и воспалителни промени може да бидат важни симптоми кои ќе откријат дали се работи за Ковид-19, а не за сезонски грип.