Кафе-лимонада, освежување какво што до сега не сте пробале


Неочекуваната комбинација на еспресо и лимон ни носи летен пијалок кој буди и дава енергија.

Киселоста на лимонадата добро се комбинира со богатиот вкус на кафето, создавајќи уникатен, освежителен пијалок. Кафе-лимонадата се прави многу лесно, само треба да го изладите еспресото откако ќе го сварите. Ако сакате освежителни пијалоци, можеби ќе сакате да направите и ледено кафе од афогато со амарето. Еве како да направите кафе-лимонада!

Состојки:
130 мл еспресо (или силно црно кафе)
200 мл лимонада (по можност домашна)
Мраз
Парчиња лимон за украсување
Нане за декорација

Подготовка:

Сварете го еспресото и оставете го да се излади. Исцедете го лимонот за лимонадата. Наполнете ја чашата со мраз и истурете ја лимонадата. Полека истурете го изладеното еспресо за да создадете „двослоен“ пијалок. Украсете со парчиња лимон и нане. Уживајте!