Каде на одмор или бронзен тен?


Во екот на летото, клучното прашање е: Каде на одмор?

Откако ќе заврши, сите муабети почнуват со : ” Леле, колку си поцрнел(а)” или  “Ич не си поцрнел(а)” !

Потемнетиот тен кај нас има врска со трендот и естетиката, а најмалку со здравјето. Со потемен тен имаш повеќе шанса да им се допаднеш на луѓето, отколку ако имаш бел, аристократски тен. Поцрнети, изгледате посвежо, повито, па можеби тоа е причината што нашите жени пред почетокот на летото не излегуваат од солариум или се прскаат со најновата метода- сончевиот спреј кој ве поцрнува за 10 минути.

Здраво е да се сончате, препорачуваат докторите, ама умерено, никако до јагленисување. Дали знаете дека кога кожата потемнува тоа значи дека е оштетена? И со заштитната крема со висок фактор се потемнува, бидејќи таа не ги филтрира сите сончеви зраци. За да се спречат сите УВБ зраци треба да се мачкате со СПФ фактор 153, а тој не постои.

Како и со негата , така е и со поцрнувањето кај жените: колку повеќе се сончате на млади години, толку е поголема шансата да бидете збрчкани на стари години.

За разлика од понежниот пол, сонцето има позитивен ефект врз кожата на мажите. Подебела од женската и заштитена со влакна, машката кожа помалку е изложена на горење од на жените.

Здравје или изглед, изборот е ваш! (Л.С.)