Јужнокорејската поп-група „БТС“ е најдобар промотер на модата на Луј Витон


Франција- Додадете го Луј Витон на списокот на луксузни брендови кои ја користат моќта на К-поп. Француската модна куќа ја освои својата најголема присутна публика досега за машка ревија, благодарение на тизер кампањата на јужнокорејската поп-група БТС.

Видеото за нејзината колекција за сезоната есен 2021 година, кое истражуваше теми за расниот идентитет и културната соодветност, беше прегледано повеќе од 105 милиони пати откако беше промовирано на 21 јануари, надминувајќи го бројот на прегледи за сезоната пролет во 2021 година во Шангај минатата година, соопштија од брендот.

Врвна платформа беше Дуин, кинеската верзија на ТикТок, која собра близу 35 милиони прегледи. На западните платформи, Твитер беше лидер со 17 милиони прегледи, веднаш следен од Јутјуб, кој забележа зголемен интерес благодарение на претходните објави на БТС на Инстаграм и Твитер.

До 26 јануари, платформата собра вкупно 916.000 прегледи на видеото, девет пати повеќе од износот за шоуто за сезоната есен 2020 година, а страницата на Луј Витон на YouTube регрутираше 200.000 следбеници за еден ден.

Муабетот преку Интернет се фокусираше главно на тоа дали БТС ќе присуствува на шоуто, кое се снимаше во Париз без гости поради постојаните ограничувања поврзани со пандемијата на коронавирус.

„Обожавателите на БТС го забележаа изгледот што го носеше бендот и ги објавија на Интернет, создавајќи огромно зголемување на продажбата и побарувачката на нашата веб-страница“, објави Витон.

Најмногу интерес има за машките колекции дизајнирани од Вирџил Аблох. Неговото најпопуларно видео на TikTok беше прегледано повеќе од 12 милиони пати. (WWD)